Приведени Александар Петрески и десетина негови соработници

Скопје, 21 ноември 2014 (МИА) – Поранешниот градоначалник на Охрид и 15 негови соработници добија кривични пријави поради сомнение дека во континуитет во периодот од 2007 до 2013 година биле инволвирани во криминални активности поврзани со злоупотреби при спроведување постапки за јавни набавки спротивно за законските прописи.

Портпаролот на МВР Иво Котевски денеска на прес-конференција информира дека 14 од осомничените лица се фатени, едно е надвор од државата, а за едно се преземаат мерки за негово лишување од слобода.
Лицата добија кривични пријави за злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, перење пари, примање поткуп, фалсификување и уништување деловни книги, помагање...

Во координираната активност, според Котевски, биле вклучени шест лица од Охрид на возраст од 35 до 58 години, а десетмина се помагачи од кои девет се од Охрид и еден од Струга.

- Оваа криминална група била предводена од првоосомничениот кој во својство на одговорно лице градоначалник на Општина Охрид во периодот од 2007 до март 2013 година формирал злосторничко здружение во кое вклучил лице вработено во Општината со договор на дело од 2006 до 2009 година како негов советник, а од 2009 во својство на раководител на Одделението за сообраќај и патишта, а потоа ги вклучил и раководителите на Одделението за комунални дејности и на Секторот за туризам и локален економски развој. Тие создале организирана група во која се вклучени како членови и тројца сопственици и управители на фирми со цел вршење на кривични дела при спроведување постапки за јавни набавки спротивно на законските прописи со привилегирање и во корист на повеќе правни и физички лица, рече Котевски.

Според МВР, во спроведувањето на своите криминални активности, членовите на злосторничкото здружение биле потпомогнати од седуммина вработени во Општина Охрид во својство на одговорни лица кои вршеле надзор на извршени работи од спроведени постапки за јавни набавки распишани од страна на општината, на начин што со свој потпис потврдиле како да се извршени „непостоечки градежни и други услуги“.

Тоа го сториле со помош од управители на приватни фирми кои изготвувале и доставувале фактури со невистинита содржина, а изведувале градежни работи во 2007 година по усна наредба на градоначалникот без да биде објавен тендер за јавна набавка.

Во текот на 2008 година, првоосомничениот објавил тендери во кои биле содржани и претходно извршените работи од страна на трговските друштва „Охрид промет, Ташма градба и Сидро градба, кои ги добила „Ина Трејд“. Тие му изготвиле и доставиле фактури со невистинита содржина за неизвршени работи, а исто така опфатиле и дел од веќе извршените работи во 2007 година без тендер и се стекнале со противправна имотна корист.

Притоа со ваквите дејствија злосторничкото здружение, ставило во поповолна положба група повластени доверители -  правни и физички лица блиски на криминалната група на кои им е исплатен износ од 1.765.590.971,00 денари, при што севкупно се оштетени сите доверители кои согласно со списокот на запишани доверители ја блокирале сметката на општината и стојат на ред за наплата за износ од 724.055.213,50 денари.
Исто така, не биле евидентирани и прокнижени во сметководствената евиденција побарувања (од 86 доверители) во износ од 129.298.844,00 денари, при што ги оштетиле доверителите на Општина Охрид за вкупен износ од 853.354.057,50 денари.

Врз основа на фиктивни договори за пренесување на побарувања, првоосомничениот овозможил да бидат исплатени парични средства во вкупен износ од 6.396.659,00 денари, наводно за долгови на „Сидро Градба“ и „Ташма Градба“ кон повеќе правни лица со коишто „Сидро Градба“ и „Ташма Градба“ воошто немале деловен однос, оштетувајќи ја Општина Охрид за истиот износ, а во корист на други физички и правни лица блиски на злосторничкото здружение.

Криминалната група, во период од 2007 до 2013 година со незаконитото постапување, го оштетиле Буџетот на Општина Охрид во износ од вкупно 47.869.817,00 денари, а се стекнале со противправна имотна корист од 148.684.616,00 денари од спорните јавни набавки. Во тие средства се вклучени 2.284.641,00 денари, лична корист на првопријавениот, а при тоа извршување на кривичното дело перење пари легализирале и противправна имотна корист во вкупен износ од 15.892.700,00 денари.

Покрај ова, првоосомничениот се товари и дека побарал и примил поткуп во вкупен износ од од 734.641,00 денари исплатен од две лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...