Скопје, 21 ноември 2014 (МИА) - Сончево време, но и ниски утрински температури под нула Целзиусови степени, најавуваат синоптичарите за претстојниот викенд во Македонија.
Утре ќе биде сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од девет до 14 степени.
Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до нулата, а дневната ќе се достигне 11 степени.
Во недела ќе биде сончево со студено утро, а преку денот ќе биде малку потопло.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, од понеделник попладне се очекува зголемена облачност со услови за слаб локален дожд.