Реисот Сулејман Реџепи директно задира во идентитетот на Македонците

Скопје, 21 ноември 2014 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира и ја осудува изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Македонија, реисот Сулејман Реџепи со која, како што се наведува во соопштението, тој директно ги навреди чувствата и правото на сопствен идентитет на Македонците со исламска вероисповест и ја навредува партијата.

- Недозволиво и крајно неодговорно е поглаварот на ИВЗ во Македонија, реисот Сулејман Реџепи да дава непромислени изјави и да повикува на верска и национална омраза. Тоа не му доликува на ниту еден верник, а најмалку на Реисот, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на наводите од колумна на реисот Сулејман Реџепи.

Припадноста на еден човек кон одреден народ, се истакнува во соопштението, е детерминирана од неговиот јазик, култура, традиција и чувство за припадност и никој, ниту партија, ниту верска организација, а најмалку поединец не може тоа на вештачки начин да го менува и оспорува.

- Македонците со исламска вероисповест се неотуѓив и неразделлив дел од македонскиот народ. Тие кај себе го зачувале и најубавиот македонски говор и најубавите македонски песни, дел од македонските национални традиции. Навредата спрема Македонците муслимани е навреда за целиот македонски народ, без разлика дали некој по религија е муслиман или пак е православен, католик, протестант, евреин, припадник на друга религиозна група или атеист, се посочува во соопштението.

Изјавата на Реисот, според ВМРО-ДПМНЕ, е пример како не треба да се постапува во општество во кое традициите, вредностите и културните различности се богатство. - Жалиме што Реисот покажа дека нему верата му е незначајна, а значајни му се политичките и партиски агенди. Реисот треба да разбере дека како што постојат Албанци муслимани, православни и католици, така постојат и Македонци муслимани, православни, католици, протестанти, евреи и припадници на други религии, и тие се неодделив дел од македонскиот народ, дел од неговата вековна култура, јазик и традиција. Тоа е реалност и факт кој со векови опстојувал и никој не го оспорувал. Со оваа навреда, Реисот Реџепи, директно задира во македонскиот идентитет, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Реисот Сулејман Реџепи во својата последна колумна во весникот на албански јазик „Лајм“ тврди дека Македонците муслимани се ин витро-нација, измислена од сатанските активности на ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот „Раѓањето на ин витро нацијата” поглаварот на ИВЗ на Македонија вели дека „владејачката партија ова го прави за да создаде нација на антички луѓе за да останат на власт“, додавајќи дека „за претопувањето на Торбешите во Македонци муслимани е ангажирана цела партија, за што постоел и посебен штаб кој работел во Министерството за финансии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...