Екстерното ја прелеа чашата преполна со проблеми

Екстерното тестирање на студентите е една од најактуелните теми во моментот. Додека министерот за образование Абдилаќим Адеми и премиерот Никола Груевски се обидуваат да ја оправдаат потребата од тестирање, студентската заедница се уште стои на ставот дека вака смислениот концепт е неприфатлив.

- Не се работи тука дека ние од нешто се плашиме, туку сметаме дека екстерното тестирање како мерка прави директен упад во уставно и законски загарантираната автономија на Универзитетот, значи сметаме дека нема потреба, високото образование не е задолжително, нема потреба еднаш во втора и еднаш во четврта година да се тестираат студенти, кои доколку би паднале на тоа тестирање во втора година, би изгубиле право после да студираат на истиот факултет, изјави Дејан Лутовски од студентската организација „Студентски пленум“ во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Според него екстерното тестирање не е единствениот проблем во образованието, туку точка на вриење која ја прелеа чашата. Изнаоѓањето на решение, не значи престанување на студентската иницијатива и активизам за подобрување на условите на студирање.

Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека го подржува правото на протест на студентите, но не го разбира нивниот став бидејќи тестирањето оди во нивен прилог.

- Ние сме цврсто решени да најдеме мерка со која што ќе се стави крај на давањето дипломи без елементарно знаење затоа што тоа е на штета на сите оние кои што учат и со знаење и учење доаѓаат до диплома и потоа истите овие им се конкуренција кога некаде конкурираат за работа. И не е фер за секој оној кој учи и со напори дошол до диплома некој да дојде и да му каже имаш просек 6,5, а јас имам 10, а тој со 10 не отворил книга. Не е добро и за општеството да се произведуваат генерации со дипломи, а кои што имаат 0 знаење и ние како Влада несмееме да ги затвориме очите и да ги гледаме последиците после х-години, рече Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...