Најголем број претставки за работата на правосудните органи

Охрид, 24 ноември 2014 (МИА) – Најголем дел од претставките на граѓаните доставни до институцијата Народен правобранител се однесуваат на неправилности и забелешки во областа на правосудството и тоа од најразличен вид, потоа прашања од имотно-правните односи, правата на работниците, работата на полицијата, условите во казнено-поправните институции, истакна Иџет Мемети, народниот правобранител во рамки на дводневната конференција посветена на правата на граѓаните во постапките на извршување и избирачкото право што се одржува во Охрид.

- Македонија воспостави нов систем на извршување и секогаш при такви радикални промени се јавуваат проблеми во пракса, така што и извршувањето на почеток им создаваше големи проблеми на граѓаните, било од формален, било од аспект на нецелосно спроведување на одредбите од Законот, изјави Мемети, притоа како пример посочувајќи ги случаите да се реализираат извршни решенија за наплата кај лица кои се приматели на социјална помош, што е спротивно на Законот.

Мемети додаде дека иако дел од проблемите се надминати, граѓаните и натаму се соочуваат со проблеми, како случаите кога банките при спроведување извршни решенија зафаќаат повеќе од третина од вкупните приходи на граѓаните, што исто така е спротивно на легислативата.

По однос втората тема на состанокот во Охрид, народниот правобранител посочи дека во избирачкото право недостасува брзината во реализирањето на правото на граѓаните како бирачи.

- Избирачкото право условува ажурност, така што заштитата што ја дава народниот правобранител во оваа сфера засега се сведува само на наоѓање на граѓаните на избирачките списоци, односно само да ги информира, истакна Мемети.

За народниот правобранител средбите како оваа во Охрид се можност да се разменат мислења, да се укаже на слабостите во легислативата и да се понудат решенија за нивно надминување.

Марк Ласер од Амбасадата на САД ги поздрави реформите што се спроведуваат во земјата во насока на подобрување на кривично-правниот систем и правосудниот систем во целина, како и чекорите од аспект на реформите на казнената политика.

- Се разбира има уште области каде може да се работи на подобрувања, особено ја охрабруваме власта да издвои повеќе средства за финансирање на правосудниот систем во целина, како и за активности што ќе придонесат за поголема информираност на граѓаните за нивните права, истакна Ласер, додавајќи дека ќе продолжи поддршката што ја дава американската Влада за континуирана обука на сите субјекти од правосудниот систем, се во насока на подобрување на заштитата на правата на граѓаните.

На дводневната работна средба во Охрид што ја организира Народниот правобранител со поддршка на Американската амбасада, учествуваат претставници на Комората на извршители во РМ, на Апелацискиот суд во Битола и Основниот суд во Струга, министерствата за правда, за внатрешни работи, како и претставници на ДИК.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...