Пронајден обесен маж за кого се претпоставува дека е убиецот од Злетово

Пробиштип, 25 ноември 2014 (МИА) - Обесен маж за кого се претпоставува дека е 40-годишниот професионален војник Драган Маноилов, осомничен за денешно тројно убиство во Злетово, бил пронајден попладнево во бачило во близина на градот.

Од СВР Штип информираат дека се работи на утврдување на идентитетот на обесеното лице.

Маноилов, според првичните сознанија на полицијата, изутрината ги уби Илија М. (65), Јана М. (63) и Методи М. (50). Илија и Јана се родители на неговата поранешна сопруга, а третиот чичко на момче за кое тој се сомневал дека е во врска со неговата екс сопруга.

Според жителите на Злетово, Маноилов рано утрово, откако дошол од кумановската касарна, каде што работел, вооружен со пушка влегол најпрвин во домот во кој живеело момчето за кое се сомневал дека е во некаква врска со неговата поранешна сопруга.  Вратата му ја отвориле бабата и мајката на момчето, во нив не пукал, но на лице место го убил неговиот чичко Методија Димитровски (50), кој бил вработен како пазарен инспектор во Пробиштип.

Колегата на Димитровски, Ангел Серафимовски вели дека тој дваесет години работел заедно со него.

- Ваква трагедија во Злетово досега не се случила. Мојот колега беше мирен човек и се надевам дека истражните органи ќе го пронајдат убиецот, рече Серафимовски.

Убиецот откако не го пронашол момчето се упатил кон куќата на родителите на неговата поранешна сопруга каде што на лице место ги убил. Во куќата бил и неговиот поранешен шура кој се обидел да го совлада и му го зел оружјето (пушката) по што сторителот на тројното убиство со својот автомобил избегал.

Првите соседи на семејството на неговата поранешна сопруга велат дека Драган Маноилов (40), кој го изврши тројното убиство во Злетово, постојано ги малтретирал неговите поранешни баба и дедо, како и неговата поранешна сопруга, со која има две малолетни деца.

Маноилов бил и пријавуван во полицијата и во Центарот за социјални работи за насилство. За ова од полицијата потврдуваат дека тој има веќе две кривични пријави, една за семејно насилство, а втората за крвничко претепување токму на момчето за кое се сомневал дека е во некаква врска со неговата поранешна сопруга. 

Сторителот на тројното убиство во два наврати бил и во мировна мисија и во Авганистан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...