Конференција за практична подготовка на идни наставници во мултиетнички средини

Скопје, 27 ноември 2014 (МИА) - Унапредување на практичната подготовка на идните наставници и стручни лица од областа на образованието за работа во мултикултурни средини е целта на тридневната меѓународна конференција со поддршка на Мисијата на ОБСЕ и со учество на експерти од Европа и САД.

Конференцијата, која се одржува на Филозофскиот факултет, е резултат на шестгодишна соработка на наставничките факултети во Скопје, Тетово, Штип и Битола со Мисијата на ОБСЕ во зајакнување на практичната настава. 

Со поддршка на Министерството за образование и наука, составени се и упатства за студентите кои се едуцираат за наставници за да се создаде  единствен пристап за практична настава во целата земја. Тие упатства треба да им помогнат во сите средини - урбани, рурални, мултиетнички итн, што е особено значајно за Македонија како земја на различности. 

Јоана Косма, в.д. шеф на Одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје на отворањето на конференцијата истакна дека добро поставената наставна пракса може да биде гаранција за добивање добро обучени студенти и успешни професионалци.

- За жал, многу се уште дипломираат, иако не се доволно подготвени да предаваат во класови во мултикултурни средини и да се соочат со овие предизвици. Ним им треба подготовка и оваа конференција ќе понуди можност да ги дискутираме проблемите и да најдеме начини да се справиме со нив. Затоа што наставникот нема никаков изговор да не предава најдобро што може, освен ако нема доволно желба за тоа, рече Косма. 

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми истакна дека МОН континуирано ги поддржува високообразовните институции, особено филозофските и педагошките факултети за обезбедување предуслови за зајакнување на стручните компетенции на студентите, преку практична настава во различни средини - во рурални и урбани, централни и подрачни, мултикултурни и мултуетнички средини...

- Сите студенти, посебно идните педагози, наставници и воспитувачи, треба да се оспособат да ја разберат нашата мултиетничка и мултикултурна реалност и да стекнат вештини за идентификување, анализирање и успешно справување со најразлични ситуации кои произлегуваат од таа реалност. Затоа МОН се стреми кон воведување промени во наставната пракса и да им овозможи на студентите праксата да ја реализираат во различни услови и во координација со сите релевантни институции, рече Адеми.

Деканот на Филозофскиот факултет Горан Ајдински рече дека наставничките факултети од Македонија со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во 2009 година се здружиле во идејата да се актуелизира прашањето за практичната настава на студентите кои ќе бидат идни педагози, наставаници и воспитувачи.

- Заедничкиот производ од оваа соработка е упатството за практична настава на студентите од наставничките факултети, кое првпат кај нас понуди модел за унифицирана практична настава на петте високообразовни институции, рече Ајдински.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...