Формирањето комисија за случајот Злетово покажува дека имало пропусти

Скопје, 27 ноември 2014 (МИА) - СДСМ денеска повторно се осврна на тројното убиство во Злетово што го изврши професионален војник на АРМ обвинувајќи дека власта е виновна за состојбите во Армијата.

Максим Димитриевски, претседател на партиската Комисија за одбрана, изјави дека министерот за одбрана Зоран Јолевски со вчерашната изјава за формирање на Комисија, признал дека има пропусти во правилата и процедурите за работа во АРМ.

- Дали своеволното напуштање на стражарското место од страна на војникот, било уредно пријавено, но не се реагирало навремено? Дали професионалните војници кои се вратени од кризни жаришта во светот имаат соодветен здравствен третман или подлежат само на редовен лекарски преглед? Дали е точно дека дел од професионалните војници немаат конкретни работни задолженија, туку работат што ќе им се нареди, праша Димитриевски.

Тој обвини дека платата на професионалните војници е околу 300 евра и оти повеќе од два месеца им доцнат средствата на војниците за закупнина.

СДСМ повторно побара неотповикливи оставки од министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на АРМ, а, како што вели, доколку тоа не го сторат самите, тогаш да бидат разрешени од страна на Владата и претседателот на државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...