Да јадеме умерено и од поднебјето, порачуваат експертите

Скопје, 27 ноември 2014 (МИА) - Колку повеќе содржи вештачки додатоци, бои, засладувачи, згуснувачи,..., толку храната е понеквалитетна, велат експерите. Тие сугерираат да јадеме производи од поднебјето во кое живееме, зашто метаболизмот е најдобро адаптиран на нив. Една од препораките е и враќањето кон традиционалното производство.

- Луѓето треба да го јадат она што нивната земја го има. Кај нас едно време во мода беа морските плодови, а Македонија не излегува на море. Нашиот метаболизам не е навикнат на таа храна. Од друга страна, морската храна е најнебезбедна, каде било во светот, без оглед колку е кавлитетна. Треба да се држиме до она што расте тука, рече професор д-р Владимир Какуринов, организатор на Меѓународната конференција за квалитет и безбедност на храната, здравје и нутриционизам - NUTRICON 2014. 

Какуринов смета дека универзално во однос на храната, не е прашањето колку е здрава, туку дали јадеме умерено. - Само тоа е универзално за сите луѓе. Треба да се јаде умерено. Во однос на типот на храната, пак, самиот организам кажува што да се внесува, нагласи професорот.

Според него, во последно време економскиот аспект најчесто диктира кој што јаде. Но, во секој случај, независно дали се купува скапа или поевтина храна, потрошувачот треба да знае да прави разлика. 

- Луѓето обично јадат она што им е најдостапно, што можат да си го дозволат. Тоа е вистината за храната што ја јадеме. Оние што можат да купат поквалитетна храна, би требало да прават разлика - која храна е навистина добра за нивното здравје, а која не. Оние што купуваат евтина храна исто така треба да знаат да направат разлика меѓу помалку квалитетни и поквалитетни производи независно што цената е пониска, истакна Какуринов.

Не треба, подвлече, да се мешаат термините „безбедност“ и „квалитет“ на храна. Првиот се однесува на можноста од предизвикување потенцијална опасност по здравјето, а вториот на енергетскиот внес, влијанието врз метаболизмот, растот,...

- Во оваа насока, особено е битно означувањето на производите. Потрошувачот може единствено на тоа да се потпре. Не е битен само рокот на траење, туку и што има внатре. Мора читко, со доволно големи букви да биде напишано на декларацијата, рече професорот.

Тој укажа и на се почестата појава на т.н. нутриционисти кои пропагираат наводна здрава храна и даваат генерални оценки за кој било производ. И една од забелешките на Европската федерација за храна, наука и технологија, како што додаде, е дека ова се случува секаде во светот посебно зашто луѓето се повеќе се вртат кон традиционалната храна. 

И професорот Чин-Кун Ванг, претседател на Меѓународното здружение на нутриционисти, фармацевти и функционална храна апелира што повеќе да се консумира традиционална храна. 

Според Мирјана Гуриновиќ од Институтот за медицински истражувања во областа на храната - Белград, земјите од регионот немаат доволно бази на податоци за нутритивните вредности на призводите.

- Неодамна на конференција во Рим е донесена декларација која ги обврзува сите земји од Европа да изготват национални стратегии за активности околу промовирање правилна исхрана преку едукација и да спроведат адекватни истражувања, информира .Гуриновиќ.

Анализите во Србија кај деца кои одат на училиште, покажале, рече, дека нееднакво се хранат, со недоволно овошје и зеленчук,  витамини и минерали, а премногу масти. Неадекватен бил и ритамот на земање оброци. Ужинките, пак, главно биле „брза храна“ која децата сами ја купуваат. 

На конференцијата, акредитирана и од Лекарската комора на Македонија, учествуваат експерти од целиот свет. Заедничка беше констатацијата дека кога станува збор за храната, мора да соработуваат сите инволвирани во производството, вклучувајќи ги и медицината, технологијата и хемиските инженери. Истражувањата, пак, треба да се научно докажани, а не паушални.

Конференцијата, најави професорот Какуринов, ќе се одржува секоја година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...