ФОТО: Македонските „Most Wanted“

Кои се македонските најбарани лица, осомничени или веќе осудени за криминал. Владо Димов, Хеди Рамковски, Драган Даравелски, Ацо Боцевски се само дел од имињата кои се уште се наоѓаат на листата на МВР за кои е издадена потерница. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, пак кои се осудени на доживотна казна затвор во случајот „Монструм“ се во затвор на Косово и сеуште се чека нивната екстрадиција.

Меѓународна потерница беше распишана за Владо Димов, поради истрага за незаконски вработувања во Здравствениот дом во Струмица во 2005 година, кога тој беше на позицијата министер за здравство. Претходно околу него се стегаше обрачот за неплатениот данок на неговиот имот. Тој е осомничен дека додека бил министер за здравство, во 2005 година без согласност на Министерството за финансии дозволил вработување на вкупно 17 лица. Со тоа лицата биле вработени во ЈЗУ Здравствен дом – Струмица и им било овозможено како нововработени да им се исплатат плати, придонеси и персонален данок за 2005 и 2006 година.

Со тоа сметката на Здравствениот дом бил оштетен за околу 2 милиона и 500 илјади денари. Управата за јавни приходи го прогласи Димов за еден од најголемите даночни затајувачи во земјава. Даночниците го гонеа за неплатен данок во висина од 796.000 евра за имот што го поседувал, а за кој не доставил податоци од каде му се пари за да се стекне со него. Откако се жалеше дека дел од имотот му е наследство, даночните власти му ја намалија даночната сума што требаше да ја исплати на околу 400 илјади евра, по што проблемот беше решен.

Бугарските медиуми минатата година пишуваа дека Димов си го променил името од Владо во Владимир и дека работи како хирург во Бугарија.

Судските власти лани во февруари ја повлекоа потерницата против него, барем така пишуваше Дневник.

За Хеди Рамковски, син на сопственикот на поранешната телевизија А1, Велија Рамковски е испишана меѓународна потерница. Хеди е осомничен како дел од групата од случајот „Пајажина“, а полициските сознанија покажуваат дека тој е надвор од земјава.

За Драган Даравелски, поранешниот прв човек на Царинската управа потерница е издадена во 2003. година. Тој е осомничен за финансиски малверзации во Царината. Даравелски беше спектакуларно уапсен во Белград и во Црна Гора, но по само неколку дена судската истрага застана. Македонското Министерство за правда вложи остра протесна нота до српските власти оти тамошниот Врховен суд му го укина екстрадициониот притвор. Српските власти го пуштија оти немало доволно докази дека правел малверзации во македонската Царина.

Полицијата трага и по Ацо Боцевски, познат под прекарот Ацо Циганот, кој се прослави со упадот во дискотеката „Хард рок“. Тој се бара поради убиството на Сеад Ибраими, трговец со кафе, кого го застрела оти претходно добил ќотек од него. Боцевски иако осуден на затворска казна од 15 години на 30. јуни 1998 година во време кога Бранко Црвенковски и СДСМ беа на власт, беше буквално пуштен од затвор и му беше овозможено да избега надвор од државата.

МВР има распишано потерница и за Владислав Тамбурковски, кој во отсуство е осуден на пет години затвор. Велешкиот основен суд во мај 2007. година го осуди Владислав Тамбурковски на петгодишна затворска казна поради тоа што како стечаен управник на велешката Топилница, незаконски продавал метали, кои не биле сопственост на Топилницата, туку на нејзиниот поранешен сопственик, фирмата „Инвестас“, со што ја оштетил за 390.000 евра. Дополнително доби уште една затворска казна во траење од шест месеци. Тамбурковски, кој поседува и бугарско државјанство, работел и на стечајот на Експорт-импорт банка, а ги водел и контроверзните случаи на загубарите „Газела“ и ФАС.

Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се бараат поради извршен тероризам поврзан со петкратното убиство кај Смиљковското езеро. Тие се во затвор во Косово и сеуште не се екстрадирани во Македонија. Косовскиот министер за правда, Хајредин Кучи, минатата година изјавил дека косовското судство се занимава со двајцата обвинети во “Монструм”, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, но, дека од екстрадиција може да ги поштеди нивното двојно државјанство.

-Косово не ги екстрадира своите државјани. Двете лица за кои станува збор се косовски државјани (покрај тоа што имаат македонско државјанство), изјавил Кучи.

Демири и Исмаиловиќ се товарат и за нелегално поседување оружје кое беше пронајдено кај нив при апсењето во Косово. Судот во Приштина нема временски лимит да ја донесе одлуката за двајцата обвинети.

Македонската полиција има континуирана соработка и со Интерпол. Најпознато име на списокот на Интерпол, кое доаѓа од земјава е Петрит Аме, за кого долго време не се знае дали е жив или мртов. Сепак Интерпол го има на слика со потерница и податоци на кои пишува дека се бара за тешки дела поврзани со дрога.



Петрит Аме беше осомничен дека во 1998 година купил 12 килограми кокаин од поранешен началник на секторот за спречување недозволена трговија со дрога и оружје од ГУВР-Скопје. Полицаецот беше притворен под сомневање дека ја украл дрогата од депото на МВР. Полицајците требало да го приведат Аме во неговото кафуле „Дон Пјетро“ во Скопје, но неколку минути пред нивното доаѓање некој му јавил на Аме за акцијата и тој побегнал. Истражниот судија распишал потерница по него, но тој сепак успеал од скопскиот аеродром да одлета за Виена. Западни разузнавачки служби во март 2001 година доставиле до МВР информација дека Петрит Аме бил киднапиран и убиен на Косово. Смртта на Петрит никогаш формално не беше потврдена, а неговото тело беше идентификувано од неговиот брат во Приштина, Фљмур Аме. Името на Петрит Аме се спомнуваше и во истрагата за атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...