Македонски доктори на едукација за трансплантација на црн дроб во Лион – Франција

Скопје, 28 ноември 2014 (МИА) - Доктори од Република Македонија од областа на гастроентерохепатологија, дигестивна хирургија, анестезиологија и патологија ќе заминат на повеќемесечна едукација во реномираниот Универзитетски клинички центар во Лион, Франција. 

Станува збор за едукација фокусирана на трансплантација на црн дроб, која е договорена на денешната средба на министерот за здравство Никола Тодоров, со проф. Оливие Бојлд, докажан експерт во областа на трансплантација на црн дроб, и проф. Лионел Бадет, директор на хируршкиот оддел во Клиничкиот центар во Лион. 

На денешната средба е договорена и едукација во оваа здравствена установа на македонски доктори од повеќе хируршки области, со цел проширување на знаењата, вештините и искуствата на докторите и нивна примена во македонскиот здравствен систем. 

Универзитетскиот клинички центар во Лион се вбројува меѓу најголемите универзитетски болнички мрежи во Франција. Во оваа здравствена установа работат околу 5 илјади доктори, една од клучните области на кои е фокусирана клиничката практика е токму трансплантацијата, каде се вршат околу 380 трансплантации на органи годишно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...