Македонија деветта во светот по трансплантации од жив донор

Скопје, 28 ноември 2014 (МИА) - Според последниот извештај објавен на веб страницата на Интернационалниот регистар за донирање на органи и трансплантација, (www.irodat.org), Македонија е на листата на 10 земји со најразвиена трансплантација од жив донор.  Државава е на 8 место според бројот на трансплантирани бубрези од жив донор, веднаш по Турција, Холандија, Кипар, Либан, Исланд, Северна Кореа и Иран. Големиот број трансплантирани бубрези од жив донор, ја позиционира и на високото деветто место и на генералната листа на трансплантирани органи од жив донор.

Ова денеска на прес-конференција го истакна доктор Аспазија Софијанова, национален координатор за трансплантација, која рече дека бројките се однесуваат за 2013 година и во истражувањето биле вклучени 71 земја од целиот свет. После Македонија на листата се земји како Данска, САД и Велика Британија. 

- Ова е само показател дека во последните три години има зголемување на бројот на трансплантации од жив донор. Ако во последните 30 години имавме направено вкупно 308 трансплантации на бубрези од жив донор, само во изминатите три години бројката на трансплантирани органи е 92, што значи дека секоја година имаме се повеќе трансплантации, посочи Софијанова.

Нагласи дека во време кога прават напори да заживее кадаверичната трансплантација среќни се како тим што на светската мапа за донирани органи и трансплантација сме забележани и како земја со голем број трансплантации од жив донор.

- Се надевам дека веќе следната година ќе не има и во статистиката на земји кои имаа забележителен успех и во делот на кадаверичната трансплантација. Изминатава година покрај трансплантациите од жив донор, има направеме направено и шест кадаверични трансплантации. Се надеваме дека годината ќе ја завршиме барем со уште две трансплантации, додаде Софијанова.

Сашо Дохчев од тимот за трансплантација на Клиниката за урологија рече дека според нивото на компликации кое изнесува 10 отсто, Македонија се движи во светски рамки што, според него, значи дека најголемиот број трансплантации се успешно извршени.

- Оваа година го зголемивме обемот на траснплантации и воведовме и кадаверична трансплантации. Од шест кадавери се направени 12 трансплантации. Бројот за годинава на вкупниот број трансплантации од живо донор и кадаверични трансплантации досега изнесува 37, што е поголема бројка од изминатата година. Денеска ќе ја извршиме и 38-та трансплантација годинава од жив донор. До крајот на годинава се предвидени уште четири трансплантации од жив донор, потенцира Дохчев.

Изрази надеж дека идната година уште повеќе ќе се зголеми бројот на трансплантации. 

- Кога го преземавме од постарите колеги раководството на тимот за трансплантација имаше над 80 пациенти на листата на чекање. Сега како ги спремаат пациентите ние така ги оперираме. Нема ниту месец дена чекање и ги завршуваме сите пациенти кои се на листата на чекање за трансплантација од жив донор. Листата на чекање за кадаверична трансплантација е подолга и зависи од бројот на кадавери, додаде Дохчев.

Болничкиот координатор на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, Маја Мојсова рече дека во последните три години го подобриле квалитетот и времетраењето на трансплантациите.

- Со оглед на тоа дека се направени 308 трансплантации од жив донор за овие 30 години, веројатно треба многу работа за да може на ист начин да ја заживееме и кадаверичната трансплантација со еден мотив да им помогнеме на пациентите кои се во краен стадиум на бубрежно заболување и да имаат поквалитетен живот, истакна Мојсова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...