Промовирана книгата „Одгласи од концертните сали“ од Костадин Костадиновски

Скопје, 28 ноември 2014 (МИА) - Дирекцијата за култура и уметност-Скопје (ДКУС) денеска ја промовираше книгата „Одгласи од концертните сали“ на музикологот, музички критичар и композитор  Костадин Костадиновски.

Преку понудените текстови (над 160 осврти, критики и рецензии) и познавањата на музичките жанрови од фолклорот до џез и класичната музика, Костадиновски ја претставува тридецениската музиколошка историја во Македонија, Европа и светот.

Во книгата има текстови за Симон Трпчески, Весна Гиновска-Илкова, Ана Дурловски, Михајло Куфојанакис, Тодор Светиев, Милица Шперовиќ-Рибарски, Кирил Рибарски, Љубомир Бранѓолица, Влатко Стефановски, Тоше Проески, Пеце Атанасовски, Никола Бадев, текстови посветени на светските ѕвезди како Хозе Карерас, Барбара Хендрикс, Зубин Мехта, Арнолд Кац, Александар Штаркман, како и на фестивалите „Охридско лето“, „Скопско лето„, „Интерфест“..., репертоарот и достигањата на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија.

Проф. д-р Томе Манчев во рецензијата за книгата истакнува дека Костадиновски ја издигнува македонската музиколошка мисла на завидно ниво, благодарение на неговата елоквентна креативна вокација.

- Ова интересно и значајно издание е тридецениска историја од музичкиот живот во Македонија, Европа и светот, што претставува огледало на креативните дострели во сферата на возвишената интерпретација на врвни музички уметници, верно документирани со сите етички доблести од Костадин Костадиновски-доајенот на македонската музикологија. Тоа го афирмира како уникатна личност во нашиот музички живот и култура, бидејќи досега не сме имале таков врвен стручњак од ваков профил кој толку темелно ги познава сите музички жанрови - сериозната, забавната, фолкот и џез-музиката, напишал Манчев во рецензијата. 

Костадиновски (1938) дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Белград. Работниот век го поминал како музички уредник и директор за музика во Македонската радио-телевизија. Објавил над 5.000 критики, автор е на неколку стручни кнги, меѓу кои монографија за Трајко Прокопиев и „Од блузот до музичката авангарда“, творец на пет фестивали и композитор на педесетина естрадни песни. 

На промоцијата настапија Весна Гиновска-Илкова, Кирил Рибарски, Милица Шперовиќ-Рибарски, Михаило Куфојанакис, Тодор Светиев и дуетот Живе Кремшовски - Николина Јаневска.

Директорот на ДКУС Мирко Стефановски рече дека публикацијата е една од околу 80 од овој вид објавени од Дирекцијата. Покрај изданија од музичкото творештво, ДКУС е и организатор на фестивали, како „Скопско лето“ и „Есенски музички свечености“ - чие годинашно издание ќе заврши утревечер со концерт во чест на Илија Зимбо во Македонската опера и балет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...