За Груевски сите се СДСМ

Скопје, 7 декември 2014 (МИА) - Државниот испит е добра реформа, а обврска и мисија на ВМРО - ДПМНЕ е постојано да работи, да прави чекори и дела за зголемување на стандардите во сите сфери во Република Македонија, пред се во образованието, истакна лидерот на ВМРО - ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на годишната конференција на Унијата на жени во однос на реформите што се прават во образованието.

- Од ова ние како партија немаме некој краткорочен ефект, напротив оставаме простор од СДСМ да организираат протести, но сепак државата ќе има долгорочни интереси и јас сум убеден во тоа. Интересот е во тоа што ова е уште еден метод за осигурување на образовниот процес кој треба да создаде генерации со знаење, а не само со дипломи без знаење, генерации кои ќе бидат конкурентни на пазарот и ќе ја носат Македонија напред, тоа е идејата, истакна Груевски, додавајќи оти државниот испит го има во многу земји.

Тој појасни дека се работи за уште еден државен испит во текот на целото студирање и тоа поделен на два дела за да им е полесно на студентите.

- Ние не викаме дека не грешиме. Нам ни е потребен коректив, а тоа може да биде некој кога ќе направиш грешка и ќе те критикува, ќе те опомене јавно, ќе ти го каже тоа за да се корегираш. Но, кога нешто позитивно ќе направиш ќе го поддржи. И така се добива доверба и кредибилитет на оној што критикува, а тоа го нема кај нашиот политички противник, рече премиерот Груевски.

Државниот испит е тема, подвлече, со која е лесно опозицијата да проба да манипулира, да мобилизира, а сега, истакна, и средношколците сакаат да ги мобилизираат.

- Ако сте способни организирајте митинг, не се кријте зад децата. Смислете некоја причина и организирајте митинг. Што се плашите, зад децата да се криете, демек студентите ќе ги заштитуваат да не полагаат државен испит, ја повика Груевски опозицијата, потсетувајќи дека сега не се знае што планираат откако најавија протести за петок, па ги презакажаа за в среда, а откако видоа дека немаат поддршка кај многу студенти, рече, ги повикаа да дојдат и родителите и сите граѓани.

Според него, се ќе се сведи на партиска активност.

- За нас е најлесно да речеме да се батали оваа работа, ќе нема протести, ниту некој нешто политички ќе изгуби и се ќе биде без проблеми. Но, тогаш запрашајте се дали ќе можеме некоја реформа во некоја област да направиме, нагласи Груевски, говорејќи за реформите во образованието.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...