Утврдена потребата за донесување на законот за одредување на висината на казната

Скопје, 17 декември 2014 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 25. седница, ја утврди потребата за донесување Предлог-законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, измените и дополнувањата на Кривичниот законик и на Законот за акцизите, по скратена постапка. 

Заменик - министер за правда Билјана Бришковска Бошкоски истакна дека Предлог-законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната доаѓа во пакет со измените на Кривичниот законик во однос на суштинската реформа чија цел е да се воедначи казнената политика од страна на судовите.

- Од направената анализа во Република Македонија можеше да се констатира дека казнената политика е блага и изречените казни се движат најчесто под минимумот кој што е одреден со Кривичниот законик или на границата на минимално определената казна и во најголем процент се изрекуваат алтернативни мерки, меѓу кои најзастапена е условната осуда, изјави заменик-министерката за правда.

Во однос на воодначувањето на изречените казни анализите покажуваат дека во зависност од подрачјето изречените казни се разликуваат.

- Постои голема варијација во казнувањето и воопшто не може да се зборува за воедначена казнена политика, што значи дека во Републчика Македонија граѓаните не се еднакви пред законот туку казната зависи од тоа каде е сторено кривичното дело и каде се наоѓа судот што ја носи казната, изјави Бришковска Бошкоски. 

Причините за овие состојби, вели таа, се и во оценувањето на отежнителните и олеснителните околности на судот.

- Кога се анализираат околностите кои судиите во Република Македонија ги ценат како значајни за одредувањето на видот и одмерувањето на висината на казната, можат да се контатсира дека состојбата е целосно незадоволителна. Од анализата на судските предмети при изготвувањето на законот беше констатирано дека најчесто судиите самите ги набројуваат околностите без притоа да се прибават докази дека тие околности се навистина точни, рече заменик-министерката за правда.  

Целта на донесувањето на овој закон е и создавање на претпоставки за да може да профункционира новиот концепт на кривична постапка. За тоа е неопхопдно да се започне со примена на новите институти предвидени во самиот закон за Кривична постапка. Еден од најважните институти е спогодувањето меѓу јавните обвинители и осомничениот, што за првпат се предвидува кај нас.  

Павле Трајанов, смета дека овој закон е важен особено што досега висината на казните се одредуваше со Правилник, но вели дека се работи за уникатен закон, кој отвора многу прашања и дилеми. За него дилема е дали треба овие правила да се стават во правилник, или да бидат вградени во Кривичниот законик, така како што направиле многу држави. 

- Се согласувам дека во Македонија немаме воодначена казнена политика и за одредени дела се определуваат многу ниски казни, изјави Трајанов.

Смета дека при одредување на казните треба да се земат предвид околностите. Но, посочува дека постои опасност за суспендирање на работата на Врховниот суд. Ќе се проблематизира, според Трајанов, и работата на Судскиот совет. - Може да бидат загрозени основните права на граѓаните доколку тој систем не профункционира, изјави пратеникот Трајанов. Според него во законот е спорна и предвидената неколкучлена комисија.  

Заменик-министерката за правда Бошковска Бришкоски изјави дека ни е потребен ваков закон, без оглед што ваков закон не постои во Европа и во регионот. - Македонија ќе биде лидер. При донесување на овој закон беа направени консултации со експерти од САД и од земјата и со практичарите, рече таа и најави уште јавни расправи со учество на засегнатите страни.

Лилјана Поповска од ДОМ ја поддржа потребата за донесување на овој закон, кој според неа, е крајот на целата таа судска процедура, но оти треба да се води сметка за целата правна процедура. Исто така според неа особено е важно што казните ќе се воедначуваат.

- Самата намера да се ревидира системот на казни за мене е многу значаен. Покрај тоа треба да се направи сериозна обука на судии и обвинители и адвокати и нивните здруженија да поработат на овој план да не се случува сомнението по автоматизам да се претвори во обвинение, да не се случува премногу лесно да се досудува притвор кој се претвора во затвор кој трае во недоглед, вели Поповска. 

Случајот со новинарот Кежаровски вели пратеничката е многу илустративен во однос на одедување на висината на казната. Потребно е да се има градација на казнените дела. - Не може да биде пожестоко казнет човек кој што пренел одредена информација отколку некој кој што го направил тоа убиство, изјави Поповска. 

Пратеникот Илија Димовски рече дека со законот се воведуваат одредени рамки и забележа дека непотребно и најлесно, за сите проблеми и за сите структурни нефункционалности во судскиот систем, е вината да се префрла на политичкиот сегмент од власта.

- Прво е најлесно за новинарите поради тоа што така многу лесно ќе си ги оправдаат тезите, најлесно е за бизнисмените зашто политичарите како по правило секогаш не чинат и се криви, и за жал, најлесно е и за припадниците на судската власт, вели Димовски.

Факт е, според него, дека политичкиот дел од власта секогаш е изложен на јавноста, но судската власт речиси никогаш досега не била изложена на јавноста.

- Сега влегуваме во тој процес како нова демократија и ги гледаме сите сегменти на функционирање на таа судска власт и нормално дека ќе видиме и деформации, и проблеми и нефункционирања...по вертикала и по хоризонтала, помеѓу адвокати, обвинители... Овој закон што го предлага Владата е токму воведување некои рамки што судиите можат да ги користат, да не ги користат, да ги злоупотребуваат и да не ги злоупотребуваат своите неограничени ингеренции, изјави пратеникот Димовски.  

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ја образложи потребата за донесување на измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации, по скратена постапка.

- На Агенцијата за електронски комуникации ќе и се овозможи да се воспостави нов национален центар за одговор на компјутерски инциденти, нешто што Република Македонија досега го немало. Тоа се прави во соработка со МИОА. Овој систем ќе биде поврзан со сите странски системи, пред се, со Интернационалната телекомуникациска унија и со земјите кои се во ЕУ, изјави Ивановски. Посочи дека Министерството и Агенцијата веќе подолго време го подготвуваат овој систем за да се види како ќе функционира овој систем. - Во соработка со приватниот сектор најсоодветно беше овој систем да се воспостави токму во Агенцијата за електробнски комуникации, изјави министерот.

Република Македонија, истакна Ивановски, е потписник на иницијативата за поевтин роаминг. Земјите од регионот се согласија да се направат измени во нивните легислативи за граѓаните кои патуваат во земјите од регионот цената на мобилната комуникација да биде изедначена, како по примерот што ЕУ го направи за земјите од ЕУ28. Дискусијата за тоа која ќе биде цената во ЕУ се уште трае.

- Ние како што се договоривме со земјите, тоа ќе го започнеме од јуни 2015 година. Република Македонија е првата земја која го менува овој закон. Очекуваме и земјите од регионот да го сторат тоа и да ги ограничи малопродажните цени на мобилната телефионија, интернет и смс. Со ова очекуваме граѓаните кои ќе патуваат да имаат многу помали сметки односно оние кои што се од БиХ, Црна Гора, Албанија, Косово, Македонија, па можеби и Турција ќе се вклучи во ова, изјави Ивановски. 

Во измените се предвидува и член со што на Агенцијата за електронски комуникации и се овозможува да прави ребаланс на буџетот за потребите што им произлегуваат.   

Со предложените изменувања и дополнувања на Законот за акцизите од 1 јануари 2015 година се зголемување акцизата на цигарите по парче (специфична акциза)  и минималната акциза во износ од 0,053 денари. Собранието средства од акцизите ќе бидат за лицата со ретки болести. 

Седницата ќе продолжи по редовната пауза од еден час.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...