Еврејската заедница го доби признанието „Повелба на Република Македонија“

Скопје, 19 декември 2014 (МИА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов вечерва во Македонската академија на науките и уметностите, на претседателот на Еврејската заедница во РМ, Берта Романо-Николиќ и го врачи признанието „Повелба на Република Македонија“.

Повелбата и се доделува на Еврејската заедница за долгогодишната работа и дејствување во Република Македонија, со што даде значаен придонес во градењето на македонскиот модел на соживот и демократското општество, како и за поддршката и унапредувањето на односите и соработката со Државата Израел. 

Доделувањето на признанието на Еврејската заедница е во рамки на дводневната Меѓународна научна конференција „Евреите во Македонија: Историја, традиција, култура, јазик и религија“, што се одржува по повод 70 години од возобновувањето на работата на Еврејската заедница во Македонија.

Претседателот Иванов во обраќањето рече дека со векови, Евреите биле прифаќани и почитувани како вистински сонародници, како нераздвоен и неотуѓив дел од Македонија, во духот на македонскиот модел на соживот. 

Посочи дека Евреите го збогатија секој дел од јавниот и економскиот живот во Македонија, како трудољубиви занаетчии, еснафи и дуќанџии, внесоа нов претприемачки дух во нашата чаршија, а преку уметноста и музиката ја облагородија македонската култура. 

- И во периодите на мир и соживот, и во времињата на неправди и угнетувања, Евреите ја делеа судбината на македонскиот народ. Но, ја делеа и желбата за слобода. На 11 март 1943 година, во согласност со договорот меѓу нацистичка Германија и фашистичка Бугарија, бугарската армија и полиција ги собра речиси сите Евреи од окупирана Македонија. Евреите кои како заедница во Македонија опстојувале со векови, за неколку денови биле собрани, затворени, натрупани во сточни вагони и испратени во логорот на смртта, рече Иванов.

Заедница, потенцира, која опстојувала со векови, за само неколку часа во Треблинка била речиси целосно уништена.

- На ниту едно друго место за време на холокаустот една популација не била истребена толку целосно и толку брзо. Во гасните комори и во печките на Треблинка засекогаш исчезна дел од Македонија. Пред 70 години, еден од преживеаните, штипјанецот Исак Сион, беше меѓу основоположниците на македонската држава на Првото заседание на АСНОМ. Со АСНОМ се роди слободна македонска држава, во која повторно заживеа Еврејската заедница. Со тоа, од пресеченото еврејско стебло израсна нова фиданка, истакна Иванов.

За нас, нагласи претседателот, е важно сеќавањето на уништувањето на македонските Евреи да не згасне, и животот и напредокот на Еврејската заедница во Македонија да продолжи.

Заблагодарувајќи се за признанието, Романо-Николиќ посочи „ова високо и значајно признание претставува, пред сè, доверба, посебна почит кон нас, сегашните генерации“. Истакна дека членовите на Еврејската заедница во Република Македонија се потомци-следбеници на генерацијата малубројни преживеани Евреи од холокаустот во Македонија. 

- Годинава, гордо го бележиме јубилејот – 70 години од повторното раѓање по војната, возобнувувањето на еврејската заедница во Македонија. Низ вековното опстојување на Евреите овде, со Македонците и другите народи, на македонска почва делевме заеднички леб, заедничка судбина. Судбина на крстосницата на која се преплетуваа бројни цивилизации, култури, религии, рече Романо-Николиќ.

Потенцира дека историјата создала на ова тло непроменливо културно богатство од кое во континуитет, низ векови се црпи чувството на идентитет, љубов и почит кон своите и туѓите корени и традиционални вредности.

- Со чувство на почит кон минатото и сегашноста оставаме аманет на оние по нас, на следните генерации, на нашите стебла и гранки - Евреи, заедно со следните генерации стебла и гранки Македонци, стебла и гранки на другите народи во Македонија, да ја оправдаат, зацврснуваат, негуваат и продолжат взаемната доверба и почит, додаде Романо-Николиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...