МПЦ-ОА побара милост за Вранишковски

Скопје, 22 декември 2014 (МИА) - Македонската православна црква - Охридска архиепископија денеска од властите побара, заради повисоки цели, милост за затворениот поранешен митрополит Јован Вранишковски. Во соопштението по вонредната седница на Светиот архиерејски синод (САС), се наведува дека МПЦ-ОА, ја прифатила иницијативата на Руската православна црква да даде придонес за обновување и успешно реализирање на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква. 

- САС на МПЦ-ОА служејќи Му на Бога, Кој преку светиот пророк Осија,, вели: Јас повеќе сакам милост, отколку жртва, (Ос.6,6) и потсетувајќи се на зборовите на Спасителот „одете и научете се што значи: „Милост сакам, а не жртва“ (Матеј 9,13), раководен од духот на човекољубието, а заради повисоки цели, ги повикува надлежните власти на Република Македонија за милост во однос на затворениот поранешен митрополит Јован, кој и покрај престапите поради кои е осуден и одлежува затворска казна, во овие свети предбожикни денови, не треба да биде лишен од надежта за милосрдие, се наведува во соопштението од МПЦ-ОА. 

Поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан на седницата ги информирал архиереите за разговорите со претседателот на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија Митрополитот Волоколамски г. Иларион, одржана на 20 декември во архиепископската резиденција во Скопје.

- Македонските архиереи со благодарност ја прифатија иницијативата на Руската православна црква, која изрази подготвеност да даде свој придонес за обновување и успешно реализирање на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква за решавање на отворените прашања кои постојат меѓу двете цркви, стои во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...