Протест против државeн испит на универзитетите пред Владата

Скопје, 26 декември 2014 (МИА) - Во организација на Студентски пленум попладнево пред Владата се одржува протест против воведувањето државен испит на универзитетите. 



- Сакаме нашиот глас да биде чуен. Ние не сме против реформи, но не за лошите реформи. Нашето оружје не е насилството, нашето оружје се зборовите, аргументите и чистата мисла. Ние бараме корисни реформи поддржани, подложни на анализи и на јавна дебата. Сакаме добри реформи, стоп за лошите реформи, порачаа студентите од протестот.

Поддшка добија и од универзитетски професори кои денеска претходно на УКИМ се организираа во Професорски пленум. Професорите вклучени во пленумот бараат од Собранието на Република Македонија во понеделник да не ги изгласа измените на Законот за високо образование со кои се предвидува воведување на државен испит.

- Бараме од Собранието да не го изгласа предложениот закон и да ни овозможи во некоја нормална процедура да расправаме за предложените измени. Во спротивно ќе ни даде легитимитет за ненасилна граѓанска непослушност и неспроведување на одредбите кои ќе ни бидат наметнати, порача Огнен Чемерски, асистент на Факултетот за англиски јазик. Барањата веќе ги доставиле до Собранието на Македонија.

За реформите во високото образование денеска се огласи и Ректорската управа на УКИМ. Побара од Министерството за образование и наука да се заложи пред овластените предлагачи за повлекување од собраниска процедура на предложените законски решенија поврзани со високото образование.

- Неопходно е да се овозможи поширока јавна расправа и дебата со законски и стручни аргументации, односно чинителите во високото образование - државата и универзитетите заеднички да имаат можност да расправаат и да одлучат за промените во високото образование кои ќе придонесат во обезбедувањето на квалитетот во оваа значајна општествена дејност; се наведува во заклучоците на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кои ќе му бидат доставени и на министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...