Најавени повеќе културни активности во Крива Паланка во 2015

Крива Паланка, 26 јануари 2015 (МИА) - Голем број културни активности од манифестации, изложби, фестивали, одбележување на празници, проекти за зачувување на културното наследство и богатство, културна размена и други настани ќе реализира општина Крива Паланка во рамки на Програмата за култура за 2015 година.

- Културните активности во Крива Паланка се реализираат преку три програми, за култура на општината, за одбележување празници, настани и манифестации, и за работа на Градскиот музеј, посочува Драган Величковски, директор на ЛУ Градски музеј Крива Паланка.

За реализација на планираните програмски активности предвидени се околу 7 милиони денари. Богатата културна активност има за цел да се сочува континуитетот на традиционалните културно-уметнички манифестации, унапредувањето на меѓународната културна комуникација, соработката за развој на културата и учеството на локалните институции во што поголем број културни проекти. Како позначајни културни и традиционални манифестации се издвојуваат Меѓународниот театарски фестивал и Интернационалниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“, музичкиот фестивал „JOY FEST“, Невестинското поклонение на „Свети Теодор Тирон“ , Џип релито на Осоговските Планини, копаничарската и ликовна колонија кои се одржуваат во Осоговскиот манастир и друго.

- Значајни активности се предвидени и од страна на Градскиот музеј, кој годинава ќе биде посветен на проектите за заштита и валоризација на културно-историското наследство, стимулирање на локалното производство на сувенири, откуп на музејски предмети, археолошки истражувања, снимање на документарни етно-историски филмови, градителското наследство и други активности, истакнува Величковски.

Средствата за реализација на културните содржини во рамки на општината во најголем дел ќе бидат обезбедени од општинскиот буџет, додека планираните проектни активности за работа на Градскиот музеј се очекува да бидат поддржани од Министерството за култура и од други донатори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...