Патиштата влажни, се препорачува внимателно возење

Скопје, 27 јануари 2015 (МИА) - Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат кај Страцин, Крива Паланка, Делчево,Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Македонски Брод, Плетвар, Штип, Сарамзалино, Павлешенци, Кочани, Делчево, Струмица, Велес, Кула  и Смојмирово, но не претставуваат проблем за нормално одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Штетата на мостот на патниот правец Радовиш - Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон село Корешница е нормализиран. Забраната за движење, поради свлечиште, на патот Киселица - Злетово во општина Пробиштип сеуште останува.

На регионалениот пат Р2232 на Глобица во непосредна близина на село Ратавци - Пробиштип сообраќајот е сеуште во прекин.

Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се и патните правци кон селата Степанци и Суво Грло.

Сообраќајот на патниот правец Р1401, клучка Марвинци - Гевгелија е во прекин поради излевање на р. Вардар.

АМСМ потсетува и дека е воведена забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Долно Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...