Изминатото деноноќие најмногу дожд во Дојран

Скопје, 27 јануари 215 (МИА) - Во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, се наврнати 24 литри дожд на метар квадратен во Дојран, 18 во Гевгелија, 16 во Струмица, 11 во Виница, 10 во Берово, осум во Демир Капија и Дебар, седум во Штип, четири во Кавадарци и Маврово, три во Претор и Пожаране, два во Скопје, Тетово, Лазарополе и Ѓуриште, како и еден во Крива Паланка, Битола и Крушево.

Висината на снената покривка е 32 сантиметра во Маврови Анови, 10 во Лазарополе и Виница, девет во Берово, седум во Пожаране, четири во Крушево и Ѓуриште, три во Штип и Претор, како и еден во Струмица, Тетово, Дебар и Тополчани.

Времето е облачно со локални врнежи од снег, а во југоисточниот дел и снег. Дува слаб ветер од северен правец.

Минималните температури во седум часот беа -5 во Маврови Анови, -3 во Крушево и Лазарополе, -1 во Крива Паланка, нула во Струмица, Куманово, Берово, Прилеп, Тетово, Штип Претор, Виница и Дебар, еден во Скопје, Битола, Кавадарци Охрид и Д.Капија, три во Гевгелија и четири во Дојран.

Во текот на денот ќе има повремени врнежи претежно од снег, само во крајниот југоисточен дел од дожд и од снег, каде врнежите ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 1 до 7 степени.

Во Скопје облачно, претпладне со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне пет степени.

Во среда ќе преовладува облачно време со услови за локални врнежи претежно од снег, а во четврток ќе има преодно стабилизирање на времето. Од петок попладне и во деновите од викендот се очекуваат нови пообилни врнежи со засилен јужен ветер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...