Планот на ИВЗ обид за одвраќање на граѓаните да војуваат во туѓи војски

Скопје, 27 јануари 2015 (МИА) - Планот на Исламската верска заедница за ресоцијализација, кој вчера го презентираа на јавноста и на француската амбасадорка Лоренс Оер, всушност, претставува дополнување на она што се предвидува со измените на Кривичниот законик, според кои одењето во туѓи војни се казнува со затвор, а кои ИВЗ веднаш ги поддржа, изјави поглаварот на ИВЗ,  Рејс Ул Улема Сулејман хаџи ефенди Реџеп.

Како што изјави во интервју за Радио Слободна Европа, тој појаснува дека овој план тие го испратиле до сите државни институции и меѓународни претставници, од кои чекаат поддршка. Поконкретно, ИВЗ предлага тие да работат на превенција и одвраќање на македонските граѓани од учество во воени конфликти, ресоцијализација на семејствата чии деца се заминати и промоција на исламот како миротворна религија. Оние, пак, кои веќе биле во туѓа војна, според Реџепи, треба да одговараат според законот, но со нив мора и да се работи оти тие, како што додава, се трауматизирани.

- Во сите европски земји ние имаме наши поставени имами. Тие не работат само со луѓето во џамиите, во центрите, тие работат и во затворите, што значи ние сме подготвени со таа наша програма да дејствуваме со една благородна цел, со надеж нешто да направиме на тој план, вели поглаварот на ИВЗ Реџепи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...