Екстерното тестирање се одвива според објавените распореди

Скопје, 27 јануари 2015 (МИА) - Реализацијата на процесот на екстерната проверка на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта, и денеска започна во 9:30 часот согласно објавените распореди на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk., соопштија Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар.

- Според информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и надбљудувачи, до овој момент процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците е целосно и успешно завршен во средните училишта во Берово, Богданци, Македонска Каменица, Пробиштип, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Во  општините Македонски Брод, Валандово, Велес, Виница, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Кавадарци, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Липково, Неготино, Охрид, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Штип, процесот е во фаза на реализација, а во некои училишта е и целосно закружен, се вели во соопштението.

Воедно, се додава, дека екстерната проверка за учениците од завршните години непречено се одвива и во средните училишта на територија на Град Скопје. Процесот, велат, е успешно започнат во училиштата во Битола, каде за разлика од вчера кога учениците ја бојкотираа проверката на знаењата во техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“, денеска тестирањето се реализира и во ова училиште.

Во општина Струмица процесот е целосно заокружен во СОУ “Јане Сандански“ и СОУ “Никола Карев“, а во моментов реализацијата е во тек и во СОУ “Димитар Влахов“. Процесот е делумно реализиран и во средните училишта во општините Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга.

Екстерна проверка на знаењата на  учениците започна со реализација на 26 јануари, а ќе трае заклучно со 30 јануари. Резултатите ќе бидат објавени на 2 февруари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...