Меморандум за соработка потпишаа општина Тетово и УЈИЕ

Тетово, 27 јануари 2015 (МИА) - Меморандум за соработка и изработка на акционен план за заштита на животната средина во општина Тетово денеска во зградата на локалната самоуправа потпишаа градоначалничката на општината Теута Арифи и ректорот на Универзитетот  на југоисточна Европа Замир Дика.

Според Арифи потпишувањето на меморандумот со УЈИЕ произлегува од обврската преземена од општината по потпишувањето на конвенцијата  на градоначалници за намалување на емисијата на штетните гасови и јаглерод диоксид.

- Целта на овој меморандум е до 2020 тата година да го намалиме емитирањето на овие гасови за 20 отсто од јавните објекти во надлежност на општината. Се надевам дека ова ќе биде прифатено и од другите институции  кои ќе ги разгледаат нивните можности за намалување на емисијата на штетни гасови. УЈИЕ  дава постојана поддршка како за еколошките, така и за проектите од други области.Очекувам дека соработката со УЈИЕ уште повеќе ќе се засили во следниот период, изјави Арифи.

Ректорот на УЈИЕ Замир Дика посочи дека потпишувањето на меморандумот доаѓа во момент кога загадувањето на средината во Тетово е навистина актуелно.

- Ова е вистински начин општината, УЈИЕ и другите општествени чинители со заеднички ресурси да може заедно да влијааат на подобрување на состојбите со заштитата на животната средина. Ние чуствуваме одговорност кон Тетово и затоа ги ставаме на располагање сите наши научно истражувачки потенцијали и искуството на полето на животната средина. Познато е дека во соработка со италијанските партнери имаме изработено наш акционен план за унапредување на животната средина во нашиот кампус,  како и проектите за одржлива енергија. За целосна реализација на денеска потпишаниот акционен план за општина Тетово ние ќе побараме поддршка од локални, национални и меѓународни фондови  за да добиеме почисто Тетово, но и да ја подигнеме културата за инвестирање во проекти за заштита на животната средина што во крајна линија треба да биде следен и од другите општини со цел да придонесеме за почиста животна средина, рече Дика.

Одговарајќи на новинарско прашање околу показателите дека Тетово е меѓу најзагадените градови, Арифи нагласи дека локалната власт продолжува да ги следи мерките што ги утврдиле за намалување на загаденоста, но и оти продолжуваат со барањето и другите чинители како Владата да го разгледаат својот дел во оваа насока.

- Покрај преиспитувањето на одлуката околу Југохром ние бараме, да се измери нивото на загаденост во општините Желино, Јегуновце и Теарце за да се утврди влијанието  врз здравјето на жителите во овие општини. Во февруари пред општинскиот Совет ќе биде доставена информацијата за реализација на мерките, а ние ќе продолжиме да изнаоѓаме долгорочни и краткорочни мерки и во соработка со невладиниот сектор и цивилното општество да влијаеме на зголемувањето на свеста кај граѓаните и намалувањето на загадувањето, рече Арифи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...