Симфониски концерт на Македонската филхармонија

Скопје, 29 јануари 2015 (МИА) -  Македонската филхармонија вечер во Македонската опера и балет ќе одржи симфониски концерт насловен „Филхармонија на кирилица“.

На подиумот заедно со оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на маестро Саша Николовски-Ѓумар, ќе настапат истакнатите солисти: Ана Гацева (пијано), Блерим Груби (виола), Петруш Петрушевски (контрабас), Александар Стефановски и Емилија Ристевска-Стефановска (флејти), Глигор Гелебешев и Катерина Гелебешева-Костадиновска (пијано).

На програмата се: „Елегија“ бр. 1 за контрабас и оркестар од Ботесини, „Романса“ за виола и оркестар оп.85 од Брух, Концерт за две пијана и оркестар op. 61 од Пуланк, како и две дела кои ќе ја доживеат премиераната изведба во Македонија - „Риголето фантазија“ за две флејти и оркестар оп. 38 од Доплер и Шпанска рапсодија за пијано и оркестар оп. 70 од Албениц. Македонската пубилка ќе има можност да слушне и едно дело од македонски композитор  - „Темпера 4“ од Тома Прошев.

Од Македонската филхармонија го најавија и следниот атрактивен настан - концертот на македонскиот композитор и пијанист кој живее и твори во Њујорк, Дуке Бојаџиев, кој ќе се одржи на 13 февруари по повод Денот на вљубените.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...