Се чека клиничка потврда дали детето од Прилеп има западно-нилска треска

Скопје, 29 јануари 2015 (МИА) - Петгодишно дете со симпотоми слични на западно-нилска треска е хоспитализирано на Детската клиника веќе десет дена и е во стабилна состојба, потврди денеска доктор Филип Дума специјалист невролог при Детската клиника.

- Дијагнозата се уште не е потврдена. Наодите од лабораториите се во склоп на западно-нилски енцефалит, но треба да имаме и клиничка потврда. За среќа детето веќе десетти ден е на клиника и се опоравува, вели др. Филип Дума. 

Директорката на Универзитетската Клиника за детски болести Аспазија Софијанова истакна дека како клиника се секогаш подготвени на најлошите работи независно во каква состојба ќе дојде детето.

- Иако е овој временски период не смееме  да исклучиме секаква можна кондиција и секаква можна болест, рече Софијанова која изрази задоволство од лекарскиот тим на клиниката кој велчи навреме ги препознава и навреме ги дијагностицираат болестите. 

Во меѓувреме, Гоце Ингилизов, директорот на Центарот за јавно здравје од Прилеп информира дека првично е потврдено дека детето кое е хоспитализирано на Детската клиника на 20 јануари е со позитивен наод на западно-нилска треска (West Nile Virus).

- Во тек е испитување на втор серум, заради следење на динамиката на титарот на антитела и утврдување на фазата на болеста, информира Ингилизов.

Лекарите со укажување дека западно-нилската треска како заболување не е опасно за популацијата и нема потреба од паника. Многу поопасно од ова заболување кое не остава пследици, велат е грипот, а главна популација која страда се мали деца и возрасни луѓе. 

Доктор Филип Дума апелира да не се жигосуваат пациенти кои биле заболени од ова вирусно заболување, бидејќи тоа не се пренесува од човек на човек, туку од комарец  на човек.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...