Работилница за промоција на хумани вредности во Крива Паланка

Крива Паланка, 30 јануари 2014 (МИА) - Во Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка денеска се одржа првата работилница од програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), во која се вклучени млади волонтери од 13-17 години.

- Проектот годинава во нашата општина опфаќа околу 30 ученици од СОУ„Ѓорче Петров“ и основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ од Крива Паланка. Преку десиминаторски обуки младите ќе стекнуваат знаење за хуманите вредности и принципи на Црвениот крст, што ќе ја подигне нивната свест за културата на дијалог, толеранција и разбирање, а на крајот сето тоа ќе резултира со реализација на повеќе мали проекти со кои ќе им се помогне на ранливите групи во заедницата, истакна Дарко Пешовски, секретар на Црвениот крст од Крива Паланка. 

Главна цел на програмата ЦКА-ПХВ е вклучување на младите од различна етничка припадност во заеднички проекти за заемно разбирање, толеранција и културен дијалог како основен предуслов за создавање интеркултурно општество и промовирање знаење и активен однос кон животот. 

Црвениот крст на РМ и општинските организации секоја година ја спроведуваат оваа програма, а годинава таа е поддржана од Норвешката амбасада во Белград и преку неа ќе бидат обучени околу 1.200 младинци од целата држава. 

Во минатиот циклус постигнати се извонредни резултати на национално ниво, а своевиден рекорд се изработените вкупно 210 проекти со кои им е помогнато на 4.055 лица од различни ранливи категории во целата земја. Преку реализација на малите проекти вложени се над 30.000 волонтерски часови во заедниците и е извршена значителна промоција на Црвениот крст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...