Грчкиот портпарол на ЕК не знае дека не именуваат со „Македонија”

но инсистира на референцата

Брисел, 30 јануари 2015 (МИА) - Портпаролот на Европската комисија, Гркот Маргаритис Схинас, не ја видел брошурата што ја подготвува прес-службата на неформалната Влада на Европската унија на чие чело се наоѓа тој, а во која за македонскиот министер за здравство Никола Тодоров, се наведува дека е „министер од Македонија”.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, дека има нешто чудно во употребата на терминот Македонија од страна на Еврокомисијата, посочува и написот во европскиот магазин „ЕУ-Њуз”, каде во текст со наслов „Не ФИРОМ, туку Македонија - Комисијата се лизга за името на државата”, италијанскиот новинар Емануеле Бонини го коментира овој потег на неформалната европска Влада и посочува дека се работи за можна промена на односите на Брисел кон Скопје и Атина.

- Не сум ја видел брошурата што ја споменувате, но ќе ве потсетам дека официјална позиција на Европската комисија е дека го користиме името поранешна југословенска република Македонија, истакна портпаролот на ЕК, Схинас, одговарајќи на прашање на дописникот на МИА од Брисел на денешната прес-конференција во зградата „Берлемонт”.

Сепак, во изјава за МИА, новинарот Бонини се сомнева дека се работи за случајна грешка, посебно што вели дека е ова првпат официјален Брисел во документ да употреби Македонија за нашата земја.

- Она што го сторив е ја земав агендата и погледнав за сите состаноци во деновите и го видов овој состанок меѓу комесарот и министерот за здравство од Македонија. Тоа беше чудно за мене оти првпат видов ваква позиција на Европската комисија. Знаеме дека официјално Македонија не е признаена како Македонија поради проблемот со името, па одлучив да напишам текст во кој ќе наведам дека можеби поради грешка, но и се разбира поради тајмингот е направена оваа објава, напишана на таков начин оти во неделата беа изборите во Грција, каде оваа тема е многу чувствителна, вели аналитичарот на европскиот магазин „ЕУ-Њуз”.
 
Според Бонини, јасно е дека новата грчка Влада има други приоритети, како што се преговорите со Тројката и проблемот со долгот, но одбивањето на Владата на Алексис Ципрас да го врати долгот од речиси 300 милијарди евра предизвикува фрустрации во ЕУ.
 
- Ова би можело да биде порака за грчките власти да најдат решение и за овој проблем без крај со Македонија, додава Емануеле Бонини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...