Сончево со умерена облачност, попладне повремени врнежи

Скопје, 31 јануари 2015 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи од дожд на планините од снег. Кон крајот на денот во западните делови и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Во поголемиот дел од земјава врнежите ќе бидаат обилни, особено во јужните и западните делови на земјава.

Повремено ќе дува силен јужен ветер со удари и над 80 километри на час. Максималната температура ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со засилен јужен ветер. Доцна попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поинтензивни. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Според податоците на Управата за хидометеоролошки работи, висината на снежната покривка во Маврови Анови изнесува 30 сантиметри, во Лазорополе 7 и во Крушево пет сантиметри.

Во изминатите 24 часа, до 7 часот наврнати се 28 литри на метар квадратен воден талог во Маврово, 23 во Пожаране и Крушево, 22 во Дебар, 20 во Крива Паланка, 17 во Лазарополе и Тетово, 16 во Скопје на Зајчев Рид, 15 во Претор, Битола и Берово, 11 во Охрид, 10 во Кавадарци, 8 во Прилеп и Ѓуриште, 7 во Штип, 6 во Струмица, 4 во Дојран и 3 во Демир Капија и Гевгелија.

Најниска температура од - 4 степени целзиусови измерени се во Маврово, -3 во Лазарополе, -2 во Крушево, 1 во Крива Паланка, Прилеп, Претор и Пожаране, 2 во Битола и Виница, 3 во Охрид, Берово, Тетово и Дебар, 4 во Скопје и Куманово, 6 во Демир Капија, Струмица, Дојран и Кавадарци, а 7 степени во Штип и Гевгелија.

Наредната недела се очекува променливо облачно време со услови на повремени врнежи од снег на планините и на некои повисоки места, а на пониските со дожд. Интензитетот на врнежите ќе биде слаб само наместа умерем. Темпоратурата ќе има тенденција на опаѓање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...