Снег на планините и на некои пониски места

Скопје, 1 февруари 2015 (МИА) - Во текот на ноќта Македонија беше зафатена од врнежи од снег и дожд кои создадоа снежна покривка на планините и на некои пониски места.

Според Управата за хидрометеролошки работи, во Маврови Анови висината на снежната покривка изнесува 59 сантиметри, во Крушево 51, Тополчани 45, Пожаране 21, Охрид и Претор 11, Тетово и Ѓуриште 10, во Скопје на Зајчев Рид и во Прилеп 5 сантиметри.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Крушево 80 литри на метар квадратен, во Охрид 61, Прилеп 57, Пожаране 50, Тополчани 47, Претор 46, Битола и Демир Капија 45, Тетово 41, Штип, Дојран и Пожар 40, Скопје 37, Крива Паланка и Берово 35, Куманово 31, Струмица 30, Гевгелија 28, Виница 27, Ѓуриште 23....

Денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, а од градовите сеуште врне снег во Скопје и Тетово. Во Осоговскиот регион дува засилен северозападен ветер.

Пообилни врнежи ќе има претпладне во јужните делови, а во текот на денот ќе бидат повремени и со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој на моменти локално ќе достигнува брзина до 80 км/час.

Во следните денови ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег на пониските и снег на повисоките места и на планините. Преодно стабилизирање на времето се очекува во вторник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...