Средба во Ректоратот на УКИМ за Законот високото образование

Скопје, 19 февруари 2015 (МИА) - Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ попладне од 16 часот ќе се одржи прва средба на работната група со претставници од Владата, УКИМ, пленумите на професорите и студентите, за да дискутираат за подобрување на законот за високото образование. 

Ректорот на УКИМ Велимир Стојковски рече дека е потврдено присуството на делегации од сите страни - од Владата и Министерството за образование и наука, од Студентскиот и од Професорскиот пленум. 

Во пресрет на средбата, студентите од Пленумот изјавија за медиумите дека бараат целосно повлекување на постојниот закон и донесување сосема нов, зашто сметаат дека со сите измени постојниот е нефункционален и ја загубил суштината. Не ги прифаќаат последните измени со кои е одложена примената на некои одредби, меѓу кои за една година  полагањето државен испит. 

- Бараме комплетно нов закон за високото образование, во којшто тестирање на студентите нема да биде вклучено како решение за контрола на квалитетот на образованието, бидејќи тоа директно се коси со принципот на автономија. Одложувањата сами по себе немаат големо значење доколку не се пристапи кон изработка на целосно нов законски текст и тоа преку отворање инклузивен дијалог, вклученост на студентите во сите процеси на креирањето на тој нов закон кој ќе биде заснован на сеопфатни јавни дебати и суштински анализи, изјави Дарко Малинвски од Студентски пленум. 

За нивните натамошни чекори и одржувањето на автономните зони, кои на неколку факултети се прогласени од минатата седмица,  рече дека ќе зависат од денешната средба на работната група и од одлуката што по неа ќе ја донесе нивниот пленум. 

На средба која ја иницираше Сенатот на УКИМ, а се одржа во Владата на 6 февруари, беше договорено примената на последните измени на Законот за високото образование (кои Собранието ги изгласа на 14 јануари) да се се одложи - за една година спроведувањето на државниот испит, а други одредби, вклучително и обврската професорите да објавуваат научни трудови во списанија со импакт-фактор - да се одложи за две години. Беше договорено Владата, професорите и студентите заеднички да продолжат да работат на подобрување на високото образование.

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми во петокот изјави дека контролни механизми мора да постојат. 

- И понатаму стоиме на ставот дека мора нешто да се преземе во високото образование. Тоа е заедничка констатација и од состаноците што ги имавме со претставниците на универзитетите. Нема да се повлечеме од појаки критериуми за професорите, нема да се повлечеме од контролни механизми за проверка на знаењата на студентите. Дали тоа ќе биде државен испит, дали ќе биде некоја друга форма, меѓутоа мора да има правни механизми кои ќе ги проверуваат знаењата на студентите, изјави ресорниот министер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...