Хан не дојде со волшебно решение, туку со јасна порака до сите

Скопје, 23 февруари 2015 (МИА) - Еврокомесарот Јоханес Хан не дојде во Скопје со свој план или волшебно  решение, туку со јасна порака дека сите во Република Македонија имаме одговорност процесите да се одвиваат во рамки на соодветните демократски институции.

Ова го истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски во одговор на новинарско прашање по денешната средба со неговиот црногорски колега Игор Лукшиќ во Скопје.

Тој посочи дека Европската комисија и комесарот Хан очекуваат политичка  зрелост од сите чинители во земјава.

- Тоа значи препознавање на институциите, односно она што е политички дијалог треба да се одвива во политичките институции конкретно во парламентот, а тоа што е правно прашање треба да се одвива во рамки на институциите на правниот систем и таму да добие свој тек. Порано или подоцна  мора да постои свест дека сите политички чинители ќе имаат одговорност за дијалог во Собранието на Република Македонија и тука нема никаква алтернатива. Мислам дека е порака да работиме во тој правец, а се друго е прашање на време, рече Попоски.

Министерот за надворешни работи прецизира дека во овој момент не се планира посета на Брисел и средба со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

- Според согледувањата кои јас ги знам, в четврток во Брисел нема да има средба меѓу премеирот Никола Груевски и Јункер. Ние имаме секојдневна комуникација и се разменуваат размислувања и видувања по однос на ова прашање, но комесарот Хан беше тука само пред неколку дена. Мислам дека она што го имаме како комуникација е сосема доволно во овој правец и не мислам дека ќе се случи такво нешто барем според она што јас го знам во моментов, што не значи дека нема да се случи во иднина, одговори Попоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...