Директорите на ФЗОМ поднесоа оставки

Скопје, 24 февруари 2015 (МИА) - Директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнаџиева - Змејкова денеска поднесе оставка од функцијата, поради, како што рече, лични, човечки причини.

- Чекав да се добијат резултатите од судска медицина, за да се констатира причината за смртта, и да се види вистината за случајот со Тамара, кој заради се што се случи и пеколот низ кој поминувавме, но и напорите кои претходно ги правевме, а дел од јавноста не ги вреднуваше, сепак, целиот мој живот ќе го носам со себе и покрај тоа што сум свесна дека се што можевме, се сторивме, буквално се, рече Парнаџиева - Змејкова.

На прес-конференција истакна дека го разбира гневот на луѓето, посочувајќи дека и таа била гневна и згрозена.

- Револтот и гневот на пошироката јавност мене ми е сосема разбирлив. Лично се соживувам со него како човек и мајка. Обдукцијата, која веќе е објавена во медиумите ја потврди причината за смртта, се работи за причина која не е поврзана со операцијата која Тамара требаше да ја има, а за која се обезбедија на крај средства, рече директорката на ФЗОМ.

Дополнително, интерна комисија во Фондот проверила и констатирала дека сите процедури во лекарските комисии и стручните служби во Фондот се испочитувани.

- Во целокупната моја кариера никогаш не сум имала дамка во своето работење и изминативе две недели, покрај една лична семејна трагедија која ми се случи неодамна, се најтешкиот период во мојот живот. Јас сум човек кој е воспитан, приватно и професионално, да помага секому. Истовремено сум емотивна личност, а не некаков ладен бирократ, и сите овие напади лично ме погодија, рече Парнаџиева - Змејкова.

Побара од јавноста вакви случаи да не се политизираат. - Никој не сака вакви работи да се случуваат. И не е добро да се злоупотребуваат вакви моменти. На семејството им е најтешко и никој не ни може да ја претпостави нивната болка и нивниот гнев, и без разлика на исходот, нивната болка, но и нашата, на сите нас што сме некако инволвирани во ова, ќе продолжи, подвлече директорката на ФЗОМ.

Во своето излагање таа потсети на поголемите проекти што Фондот ги реализираше последните години, но оти еден случај фрли сенка на нејзината личност.

- Жал ми е што освен сенка врз мојата личност, се обидуваа да ме претстават во еден налет како некаков монструм, оваа трагедија фрли сенка и врз сите проекти кои ги воведов, а воедно и проектите што допрва следуваат, а се сепак со крајна цел подобар систем, што ќе може да им биде на располагање на семејствата, на нашите сограѓани, рече Парнаџиева - Змејкова.

Таа посочи дека, како директор на Фондот, чуствувала одговорност за секој осигуреник и оти во изминатиот период ФЗОМ помогна на 1.350 лица да ја добијат најдобрата нега и лекување во странство и оти никогаш не се соочиле со ваков напад врз системот.

Оставка поднесе и вториот директор на ФЗОМ Џемали Мехази

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Џемали Мехази поднесе оставка на функцијата, која, како што наведува во пишаната изјава, е мотивирана од човечки причини.

- Во вршењето на мојата функција, за овој случај и сите други слични случаи, направив сè што ми беше овозможено во рамки на законот. Случајот на Тамара ме погоди како човек и како родител. Додека ја извршував оваа функција, лично сум се залагал за да се решаваат сите случаи кои се обратиле до ФЗОМ секако во согласност не само со законските обврски и водено од лична совест. За мене и моите соработници немаше значење, во ниту еден момент, името, етничката и верската припадност, во изнаоѓање решенија за нашите граѓани, истакнува Мехази.

Претходно, денеска оставка поднесе и другиот директор на ФЗОМ Маја Парнарџиева Змејкова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...