Седници на пет собраниски комисии

Скопје, 27 февруари 2015 (МИА) - Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат пет комисии.

На Комисијата за надворешна политика новоименуваниот амбасадор во Канада, Тони Димовски и новоименуваниот амбасадор во СР Германија, Сашо Марковски ќе ги претстават своите платформи на дипломатски активности. 

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе ги разгледа Предлог-одлуката за именување на претседател и членови на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и Предлог-одлуката за разрешување и избор на претседател и членови на Советот за научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправаат за измените на повеќе закони во второ читање како што се Законот за електронски комуникации, Законот за животна средина, Законот за комунални дејности, Законот за превоз во патниот сообраќај, Законот за јавните патишта, Законот за градење, Законот за градежно земјиште... 

Дел од овие закони се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.

Комисијата за образование, наука и култура ќе ги разгледа дополнувањата на Законот за иновациска дејност во прво читање и измените на Законот за просветна инспекција во второ читање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...