Македонија повлечена од американскиот извештај за можни кризни жаришта

Вашингтон, 27 февруари 2015 (МИА) - Американската администрација не ја вброи Македонија во проценката за закани во светот - извештај кој го подготвува Директоратот на национално разузнавање (ДНИ) за тоа кои држави можат да бидат извор на кризи во годината која што доаѓа. Во изминатите две години Македонија беше дел од овој извештај, но со последниот извештај претставен вчера, Македонија повеќе не е меѓу земјите за кои може да се соочат со кризи.

Во извештајот, кој се фокусира на сајбер заканите, војната во Украина и војните низ Блискиот Исток, Балканот воопшто не е наведен како регион кој може да генерира кризи во текот на 2015 година. Босна, Србија и Косово редовно беа вбројувани во овој извештај, како главни извори на нестабилност во регионот, а во последните неколку години беа наведувани и Албанија и Македонија, поради појавата на политички тензии. Извештаите за 2013 и 2014 година предупредуваа на можноста на тензии меѓу Македонците и етничките Албанци во земјава, предизвикани од упорното грчко блокирање на македонските евро-атлански интеграции.

Но, во годинашниот извештај, од балканскиот регион посочена е само Турција, и тоа како земја која е клучен партнер на САД во регионот, во борбата против Исламската држава на Ирак и Сирија и паралелните обиди на САД и Турција да се стави крај на дестабилизирањето на Ирак и Сирија.

Директорот за национално разузнавање Џејмс Клапер, во своето обраќање до Комитетот за вооружените сили на Сенатот на САД стави најголем акцент врз опасноста од информатички напади врз американската Влада и компаниите. Клапер предупреди како на опасноста од информатички Армагедон, огромен напад кој би ја уништил информатичката структура на САД, како и на постојаните помали напади од криминално и идеолошки мотивирани напаѓачи или од држави како Русија, Кина, Северна Кореја и Иран.

Од воените и терористичките закани, Клапер рече дека само во првите девет месеци на 2014 година имало 13.000 терористички напади во кои биле убиени 31.000 луѓе, далеку повеќе од билансот во целата 2013 година. - Со пристигнувањето на последните проценки, можеме да кажеме дека 2014 година беше најсмртоносна година со најмногу терористички напади во сите 45 години во кои ги обработуваме овие податоци, изјави Клапер. Терористичките напади во Европа, според Клапер, покажуваат дека екстремисти мотивирани и радикализирани од конфликтот во Сирија и Ирак, можат да нападнат во Западна Европа или во САД. Според американските проценки, 3.400 лица од западните земји, меѓу кои и 180 Американци, заминале да војуваат во Ирак и Сирија, а стотици досега се вратиле во Европа.

ДНИ не проценува крај на воените ужаси во Сирија, каде Клапер кажа дека половина од населението е раселено, а 202.000 лица се убиени во текот на веќе четиригодишната граѓанска војна. Клапер забележа и дека САД ги загубиле можностите да се борат против терористичките групи во Јемен, откако мораа да ја напуштат својата амбасада во Сана, како и дека Либија е поделена меѓу две влади, што го користат Ал каеда и ИСИС.

На истокот на Европа, Клапер проценува дека Русија смета дека е во војна со Западот околу контролата врз Украина и дека претседателот Путин сака да задржи влијание како врз властите во Киев така и да го задржи полуостровот Крим. Извештајот на ДНИ проценува дека последиците од кризата во Украина ќе бидат долгорочни врз Русија, како што подготвеноста на Русија да користи воени и паравоени сили во соседна земја ќе има последици врз соседните држави од западниот блок. Во извештајот се оценува дека Молдавија и Грузија нема да успеат да постигнат напредок во територијалните спорови во кои се соочени со про-руски сепаратистички региони, и дека ќе бидат под засилен притисок да се откажат од поблиски односи со Европската Унија и САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...