Нуркачи од Македонија и Албанија ќе го пренуркуваат Охридското Езеро

Група нуркачи од Македонија и Албанија денес ќе започнат со реализирање на 15. години старата идеја за пренуркување на Охридското Езеро.

Според меѓународниот нуркачки инструктор од Охрид Милутин Секулоски, станува збор за подводни активности во Охридското Езеро што ќе се реализираат на длабочина од пет до 15 метри и во должина 80 километри и 322 метри.

– Целта не ни е само да го пренуркаме Охридското Езеро, туку со таквото пренуркување да фотографираме, снимаме под вода и да позиционираме одредени пронајдени работи под вода за да довбијат научните инстуции како што се Хидробиолошкито завод и Заводот и музеј податоци кои се од нивни интерес. Имајќи предвид дека езерото не е премногу истражувно досега, целта на проектот не ни е да го истражуваме, но во текот на нуркањето, сите податоци што ќе ги добиеме да можеме да ги пласираме, појаснува Секулоски.

Проектот ќе започне денес во 11:00 часот од Градското пристаниште во Охрид.

– Оттука ќе тргнеме јас и уште 50-тина нуркачи. Од следниот ден секојдневно ќе има вакви подводни активности, а мене ќе ме следат уште двајца-тројца мои колеги. Етапно ќе ги изведуваме подводните активности од Охрид, преку Струга, се’ до Република Албанија, каде ќе не придружува нашиот колега Енрик Мато со исто така искусни нуркачи од неговата земја.

Како што вели Мато, во неговото искуство како нуркач на албанската страна од Охридското Езеро се забележани наколни живеалишта на неколку места.

– Овој проект е голем предизвик за нас. Кај нас има многу малку искусни нуркачи, но јас долго нуркам и сум забележал дека и кај нас има подводни локалитети. Исто така сум забележал дека има и потонати објекти, а поголем проблем е што има и големо количество муниција во езерото од Втората светска војна. Во 1997 година имаше и фрлање на дополнително количество муниција, вели албанскиот нуркач Мато.

Предвидено е, подводните активности во Охридското Езеро опфатени со овој проект да завршат за околу четири месеци, по што е планирано да се направи документарна емисија со сите спроведени активности, како и изложба на подводни фотографии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...