Месец на театарот - Секој ден по една претстава во Драмски

Секој ден по една претстава за која билетите ќе чинат 100 денари, најавува Драмски театар по повод Март - Месецот на театарот. Билетите треба да се купат до денот пред секоја од претставите зашто на денот кога се играат, ќе бидат 150 денари.

Според директорот Роберт Вељановски, во март, Драмски ќе има најмалку 31 претстава, колку што има денови. Тој очекува голем одглас кај публиката, најмалку 10 проценти повеќе од лани кога „акцијата“ била одлично прифатена.

На 27 март, за Светскиот ден на театарот, се предвидени три изведби. Воедно, Театарот ќе биде бесплатно отворен за сите, но билети ќе мора да се набават. Планирани се и забави, изложби, продажба на книги,...

На 4 март, пак, со изведба на „Ждрело“, Драмски ќе одбележи 50 години од вселувањето во постојниот објект кој е донација на Британската влада. Билетите за оваа претстава ќе бидат симболични и ќе чинат 50 денари.

На 4 март во 12 часот ќе има и свечено одбележување на јубилејот на сцената на Театарот.

Објектот на Драмски во Карпош 2 е отворен 1965 година со премира на драматизацијата „Богомилска балада“ според романот на Владо Малески „Она што беше небо“, од Милан Ќурќчинов и Илија Зафировски“.

Директорот Вељановски информира дека во Драмски моментно се работат две претстави - „Приказна за човекот без рака“ во режија на Синиша Ефтимов чија премиера се подготвува за 21 април кога Театарот ќе слави 69 години од постоењето, како и „Безљубни“ во режија на Златко Славенски.

Билетарата на Драмски театар е отворена секој ден од 9 до 22 часот и во недела, од 12 до 20 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...