Во штипскиот затвор пронајден обесен сопственикот на „Фиком“

Скопје, 2 март 2015 (МИА) -  Четириесет и двегодишниот Никола Николиќ, сопственик на „Фиком“, утрово околу 6 и 30 часот е најден обесен во штипскиот затвор, каде издржуваше казна затвор во траење од 25 години и 2 месеци за „измама“.

- Осуденото лице Никола Николиќ од Скопје, на возраст од 42 години, осуден со повеќе пресуди на Основен суд Скопје 1 Скопје  за сторени кривични дела „измама“ по член 247 ст.4 од Кривичниот законик на Република Македонија на казна затвор во траење од 25 години и 2 месеци. Против осудениот Никола Николиќ се води и нова кривична постапка пред Основниот суд Скопје 1- Скопје, стои во соопштението од Управата за извршување на санкциите.

Казната затвор, како што се додава, започнал да ја издржува на 5.09.2006 година, а му завршувала на 15.11.2031 година.

За време на престојот во Казнено-поправниот дом Штип каде ја издржувал казната затвор, осудениот Никола Николиќ не покажувал знаци на психички заболувања, нема користено антидепресивна терапија и не боледувал од никакви хронични болести.

- Денеска, околу 6 и 30 часот, осуденото лице Никола Николиќ од страна на други осудени лица бил пронајден мртов во тоалетот во крилото каде што престојувал. Одговорните  надзорници на смена веднаш се упатиле во просторијата, каде осудениот Никола Николиќ го затекнале со јаже (манила) околу вратот, стои во соопштението.

Од Управата за извршување на санкциите велат дека веднаш била повикана Итната медицинска помош, при што од страна на лекарите била констатирана смрт. За настанот се известени надлежните органи, а на лице место присуствуваа судија на претходна постапка и јавен обвинител кои извршиле увид на лице место.

Николиќ беше затворен поради продавање исти станови од зграда во скопската населба Кисела Вода на повеќе граѓани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...