Продадена атрактивната локација под Плаошник во Стариот дел на Охрид

Охрид, 2 март 2015 (МИА) - Атрактивната локација под Плаошник на денеска одржаната електронска аукција што траеше повеќе од два часа е продадена по цена од 51 илјада денари за метар квадратен, а како купувач се јавува понудувач од Скопје.

Почетната цена за отуѓување на градежното земјиште што беше во државна сопственост, изнесуваше 1.543 денари по метар квадратен.

Градежната парцела се наоѓа на левата страна од патеката што води кон црквата „Св. Јован Канео“, со вкупна површина од 201 метар квадратен и површина за градење од 90,9 метри квадратни. Според урбанистичкиот план, максималната висина на евентуален објект предвиден да се гради на парцелата изнесува 3,9 метри и катност -приземје со две нивоа надолу кон населбата Канео.  

Според најавите на општинските власти, од продажбата на земјиштето Општина Охрид ќе добие 80 проценти од средствата, а 20 проценти ќе одат во буџетот на Република Македонија. Тука дополнително ќе бидат додадени и средства по основ комуналии за изградба на објектот.

Локацијата предизвика големи реакции кај охридската јавност, како и кај опозициските советници, кои беа против продавањето на атрактивно општинско земјиште на приватни лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...