Водотеците во НП „Маврово" порибени со 20 илјади пастрмки

Гостивар, 3 март 2015 (МИА) - Во рамки на активностите за зачувуање и обнова на рибниот фонд, денеска беа порибени водите кои се на територијата на Националниот парк „Маврово", со дваесет илјади парчиња поточна пастрмка. Порибувањето на Мавровското Езеро, Радика и нејзините притоки на четири локации го извршија стручни екипи со помош на Институтот за рибарство.

Од управата на паркот информираат дека ова порибување е седмо по ред во изминитиве шест години.

- Во овој дел од годината вршиме порибување со автохтона пастрмка со големина од 5 и 20 грама. Ова се прави во пресрет на риболовната сезона со цел на збогатување на рибниот фонд. Вакво порибување е планирано и за на есен, изјави Онер Јакупоски директор на НП „Маврово".

Тој нагласи дека во рамки на надлежностите кои ги имаат како установа работат и на спречување на рибокрадството. Ренџерската служба минатата година, при редовните контроли открила неколку случаи и поднела 14 пријави на несовесни рибари кои ловеле риба со недозволени средства и во период кога има забрана за риболов. При овие активности биле запленети 40 метри мрежи и друг риболовен прибор.

Со акциите за порибување, водотеците во НП „Маврово" и Мавровското Езеро се порибени со над 250 илјади парчиња поточна пастрмка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...