Меморандум за соработка за креирање на локални младински стратегии

Скопје, 3 март 2015 (МИА) - Агенцијата за млади и спорт  и Коалицијата на младински организации СЕГА денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе почне процесот на креирање локални младински стратегии во општините Гази Баба и Бутел.

Меморандумот го потпишаа директорот на АМС Марјан Спасески и извршниот директор на СЕГА Зоран Илиески.

- Постоењето на квалитетна младинска политика на локално ниво може да донесе вистински бенефиции и промени во секое општество. Еден од клучните процеси во креирањето на младинската политика е изготвувањето на локалните младински стратегии. Во оваа насока, неопходна е директна вклученост на младинските организации и особено на општините во процесите на создавање на локални младински совети и креирање на локални младински стратегии, зошто од овие мерки бенефит ќе извлечат не само младите луѓе, туку и самите општини, истакна директорот Спасески.

Според директорот на СЕГА Илиевски, соработка со Агенцијата за млади и спорт, резултирала со креирање на 13 локални младински стратегии во исто толку општини во државата.

- Во 2010 година, Коалицијата на младински организации СЕГА со поддршка на Агенцијата за млади и спорт изработи Прирачник за креирање на локални младински стратегии, кој беше испечатен во тираж од 1.000 примероци и дистрибуиран до општините и младинските организации во Македонија, информираше Илиески.

Досега, вкупниот број на формирани локални младински совети во општините изнесува 31, а 17 општини во државава изготвиле локални младински стратегии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...