Внимавајте, мрсно се продава како посно

Скопје, 4 март 2015 (МИА) - Маркетите продаваат „посни“ производи кои содржат казеин и сурутка во прав. Потрошувачите не знаат дека овие две компоненти имаат животинско потекло и дека се практично измамени.

За време на велигденските пости под ознака „посно“ на рафтовите се нуди храна што содржи млеко, желатин од животинско потекло, свинска маст и други мрсни состојки. 

Според експертите, за посни производи се сметаат оние во кои млечните масти се заменети со растителни, но, токму тука е манипулацијата.

- Производите кои содржат казеин или сурутка (во прав) воопшто не се посни бидејќи потеклото на овие две компоненти е анимално. Точно дека од млекото се сепарира млечната маст и таа се заменува со растителна, но казеинот останува, и затоа производот не може и не треба да се декларира како растителен, уште помалку како посен. Слично е и со сурутката, објаснува за МИА доц. д-р Наташа Дуброва Матева од Институтот за сточарство.

Сурутката, нагласува Матева, е исклучително здрава, има висока хранлива вредност, ја забрзува дигестијата, ама е со животинско потекло.

Организацијата на потрошувачи (ОПМ) ја квалификува продажбата на наводно посни производи како нечесна пазарна пракса.

- И минатата година ова време, пред големите празници, реагиравме до Агенцијата за храна. Побаравме јасно да се разграничат растителните од животинските производи во маркетите, а посните да се повлечат ако содржат и најмалку состојки кои се „мрсни“, напоменува претседател на ОПМ Маријана Лончар. 

ОПМ апелира потрошувачите повеќе да внимаваат при купувањето и секогаш да ги читаат декларациите.

Оние што постат треба да се информираат и за храната што ја консумираат во рестораните и сендвичарите, а се нуди како посна, имајќи предвид дека може да биде подготвена на места и во садови во кои се готват и продукти од животинско потекло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...