Управата за имотно правни работи и општина Битола со заеднички стручни тимови

Битола, 4 март 2015 (МИА) - Управата за имотно правни работи денеска во Битола организираше отворен ден со граѓаните кои во подрачното одделение беа информирани за состојбата со отворените предмети и барања за приватизација, како и други прашања од имотно-правната сфера.

На средбата на директорот на Управата за имотно правни работи Зоран Крстаноски и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески било констатирано дека соработката на двете институции е на високо ниво и со взаемна поддршка.

- За нас посебно е важна динамиката на донесување урбанистички планови кои се важни за донесување решенија за приватизација. Со општината договоривме заеднички проект со кој се планира заеднички тимови на локалната самоуправа и Управата за имотно правни работи кои ќе ги посетуваат населените места и маала во општината, за да се добијат изворни и информации од терен за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, истакна Крстаноски.

Општина Битола, информира Талески, во изминатиов период евидентирала 12.567 барања за легализација на објекти, а над 5.000 се завршени. 

- Заради зголемен обем на активности при изработката на урбанистички планови, како и потребата од донесување нов Генерален урбанистички план-ГУП за општина Битола, донесовме одлука за формирање на Јавно претпријатие за планирање и проектирање. Со новиот ГУП ќе овозможиме проширување на градот и можноста за градби и инвестиции кои ќе придонесат развој на општината, рече Талески.

Управата за имотно правни работи на денешниот отворен ден со граѓаните апелираше сите поднесители на барања за приватизација кои имаат некомплетна документација, а во Битола се евидентирани околу 2.000 некомплетни предмети, самоиницијативно да се пријават во одделението во Битола за комплетирање на предметот со што ќе се создадат услови за забрзување на постапката за приватизација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...