Осмомартовски честитики од најмладите за највозрасните кумановки

Куманово, 5 март 2015 (МИА) - Децата од јавната општинска установа „Ангел Шајче“ изработија осмомартовски честитики кои денеска ги подарија на корисничките на услугите на Домот за стари лица „Зафир Сајто“. На овој начин им го честитаа престојниот празник и со мала приредба ги изненадија корисничките на домот за стари лица.
 
- Ова е традиционална активност која се спроведува помеѓу двете установи, изјави денеска директорката на градинката Марина Алесковска.
 
На овој начин, објасни Алесковска, преку практичен пример ги учиме најмладите како треба да се почитуваат повозрасните и како треба да им се посвети внимание.
 
Социјалниот работник од Домот за стари лица, Росица Митиќ, информираше дека во домот има 96 кориснички на услугите од вкупно 150 корисници.
 
- Ова се убави моменти за нашите кориснички. Преку најмладите го добиваат посакуваното внимание, вели Митиќ.
 
Домот за стари лица „Зафир Сајто“, неодамна го реновираше геријатриското одделение со сопствени средства во вредност од 1,8 милиони денари, со што се зголеми квалитетот на услугите кои ги нуди установата за корисниците. Надлежните од установата тогаш најавија дека ќе одвојат дополнителни средства за дополнителна реконструкција која ќе следи во тековната година.
 
Домот за стари згрижува корисници од подрачјето на североистокот и Скопје. Стручен тим се грижи за здравјето на корисниците, но и постојано се води сметка за одржување и квалитетен социјален живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...