Во Вевчани одбележани 180 години основно образование

Вевчани, 5 март 2015 (МИА) - Основното училиште „Страшо Пинџур“ од Вевчани, едно од првите основни училишта во Македонија на мајчин јазик, денеска слави два празника, 100 години од раѓањето на патронот Страшо Пинџур и 180 години образование во Вевчани.

- Основното училиште „Страшо Пинџур“ од Вевчани е едно од првите основни училишта во Македонија со настава на мајчин јазик. Неговото институционално раѓање во 1835 година доаѓа како резултат на вековниот стремеж на вевчанци постојано да бидат во чекор со прогресот, а своето културно издигнување да го темелат на науката и знаењето. Низ својот долго изоден пат, образованието имаше и подеми и падови, истакна градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски.
 
Зачетоците на основното образование во Вевчани, како што потсети тој,  датираат од 1835 година откако една година претходно, скадарскиот везир Афас дал одобрение за црква и за отворање на училиште во Вевчани. Првиот учител  бил вевчанецот Јован Киров.
 
 - По Јован Киров од Вевчани кој учителствувал скоро 20 години, се редат многу охриѓани меѓу кои се истакнува Аргир Маринов кој бил и ревулуционер, па според тоа и најпрогресивен учител кој оставил и свои траги во своето работење – напишал летопис и благодарение на него денес имаме многу податоци од тој период, па потоа следуваат учители вевчанци меѓу кои Ристо Угринов, Димитар Даскалов кој најдолго учителствувал, па Трпо Чочоров, Трпо Дејков, Спасе Попов и многу многу други, потсети вевчанскиот градоначалник Угриноски.
 
Првите форми на настава во Вевчани почнуваат во ајатите на „Долна црква“ - Св. Богородица во 1835 година. Во 1868 година, вевчанци изградиле училиште во дворот на „Горна црква“ - црквата Св. Никола и децата учат во новото училиште кое се викало „Св. Пас“.

За да ги привлечат женските деца да го посетуваат во учебната 1890/91 година отворено е женско училиште со име „Надежда“ кое работело до учебната 1898/99 година. Спроти Илинденското востание, во учебната 1902/03 година, направен е прв чекор за гимназиско образование, ама се запишале само четири ученици.

Во 30-те години на 20-от век, покрената е иницијатива на претседателот на Вевчанската општина Кузман Гогов, за изградба на нов училишен објект, денешната зграда на Здравствениот дом, во кој учеле и октишки деца, но само неколку години, зашто почнала Втората светска војна па училиштето паузирало четири години.

Во слободна Македонија во 1945 година, почнува со работа Вевчанското училиште, како сеумгодишно основно училиште со денешното име на ваташкиот херој и револуционер Страшо Пинџур, ама пак во црковното училиште но и во приватни куќи, поради демолираноста на училишниот објект. Во 1947 година во центарот на Вевчани е изградена нова училишна зграда која за тогашни услови била невидено архитектонско здание.

Учениците од ОУ „Страшо Пинџур“ сега учат во нов училишен објект, а наскоро ќе добијат и спортска сала. Новата спортска сала која во текот на изминатиот период се градеше со средства обезбедени од Владата, како што најави првиот човек на општина Вевчани, ќе биде пуштена во употреба кон средината на овој месец.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...