Воени аташеа во посета на Крива Паланка

Kрива Паланка, 26 март 2015 (МИА) – Единаесет воени аташеа денеска ја посетија Крива Паланка во рамки на планските активности за посета на команди и единици во Армијата на Република Македонија.
На приемот во организација на градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, присуствуваа бригадниот генерал Стојан Димчов, доајенот на Асоцијацијата на воени аташеа во РМ, Џенифер Форд и аташеа од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Полска, Украина, Кина, Австрија, Грција, Италија, Русија, Италија и Србија. 
- Среќна сум што прв пат имам можност да бидам гостин на ваква прекрасна средина, со гостопримвливи и срдечни луѓе. Судејќи по презентацијата за Крива Паланка, еден ден е малку за да се видат сите убавини кои ги нуди овој град, изјави Џенифер Форд, доајен на Асоцијацијата на воени аташеа во РМ. 
Генерал Димчов рече дека престојот во Крива Паланка е предвиден како посета на место со богата историја и култура. - Чест ни е што аташеата од единаесет земји се во посета на една од најубавите и најуспешни општини во нашата држава и со огромно задоволство сме денес тука, изјави Димчов.  
Градоначалникот Алексовски ја презентираше Крива Паланка како рударско градче, рурална општина која го носи епитетот Источна порта на Македонија  кон Европа. 
- Крива Паланка има исклучително важна геостратешка положба, на само 15 километри од границата со Бугарија,  тука минува коридорот 8 кој ја поврзува Европа со Азија и е исклучително важен за економскиот развој на градот. Општината има богато културно-истoирско минато, меѓународни културни манифестации, бројни знаменитости за посета меѓу кои најрепрезентативен е манастирот Свети Јоаким Осоговски, каде ќе бидете угостени денес, рече Алексовски.
-
За подетално запознавање со убавините на Осоговието и кривопаланечкиот крај  градоначалникот  Алексовски ги покани аташеата да учествуваат на традиционалната манисфестација Рели Калин Камен која во органзиација на општина Крива Паланка се одржува на 24 мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...