Штипскиот универзитет почна со одбележување на патрониот празник

Штип, 26 март 2015 (МИА) - Универзитетот „Гоце Делчев“ почна со одбележување на патрониот празник, а по тој повод денеска беа промовирани истражувачките проекти кои се финансираат преку Фондот за наука од страна на самиот универзитет и издавачката дејност. Ректорот на УГД-Штип, Саша Митрев истакна дека преку Фондот за научна истражувачка работа се финансираат 56 проекти на универзитетските професори од сите факултети.

- Имаме повеќе од 140 изданија во издавачаката дејност кои оваа година станаа дел од електронската библиотека која што на некој начин е уникатна библиотека во Република Македонија, затоа што сите изданија кои што постојат во универзитетот се дигитализирани се достапни на студентите во електронска форма. Потребно е да се нагласи дека сето тоа го правиме за студентите без финансиска надокнада, рече Митрев.

Тој додаде дека од оваа година Електронската библиотека ќе биде отворена и за сите граѓани, професори и студенти со минимална фиансиска надокнада, новина е и што од оваа година се воведува и Фонд за мобилност, односно штипскиот Универзитет ќе помогне на своите доценти и асистенти.

- Ние предвидовме средства само за нив значи неможе некој друг да ги користи, со цел да бидат мобилни како што и кажува и самиот фонд, да ги користат средствата, да патуваат на семинари, конгреси, советувања, различни работилници, да учествуваат во стручни претстои а кои што средства ќе ги обезбеди универзитетот, вели Митрев.

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на штипскиот универзитет „Гоце Делчев беа промовирани и четири нови доктори на науки, а на Факултетот за образовни науки и превод на книгите „Педагогија – теорија на оспособување“ во превод на проф. д-р Емилија Петрова-Ѓорѓева, а втората книга е „Основи на методологија на истражување“ преведена од проф. д-р Снежана Јованова-Митковска. Книгите се на хрватскиот универзитетски професор Јосип Милат, кој денеска беше во Штип и истакна дека неговите книги ги преведуваат и западно-европските земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...