Сообраќајот по влажни коловози, наместа намалена видливост

Скопје, 27 март 2015 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинските премини Стража, Буково и Плетвар, а на планинскиот премин Ѓавато видливоста е до 50 метри, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 

На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај село Киселица собраќајот се одвива со ограничена брзина од 30км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. 

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец село Дурачка река – село Дренак во должина од 7 км.

На регионалниот пат Куманово - Кратово кај излезот на село Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 м и поставени се знаци за предупредување.

На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20км/ч. поради слегнување на коловозот во должина од 20 метри.

На патниот правец Лакавица - Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200 метри, на кој е извршена санација.

На местата каде што сообраќајот се одвива забавено е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. 

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

 Забранет е сообраќај за тешки товарни возила над 7,5 т. и автобуси на патен правец Р2136 Ржаничино – Долно Коњаре поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...