Центар за дијабетес во поликлиниката Бит Пазар

Скопје, 27 март 2015 (МИА) - Во поликлиниката Бит Пазар во рамки на Здравствен дом Скопје, од минатиот месец е отворен нов Центар за дијабетес, во кој досега се реализирани вкупно 519 прегледи. Центарот работи секој ден од 7:30 до 14:30 часот.

Според податоците од системот МојТермин, изминатата година се прегледани вкупно 15.236 пациенти во центрите за дијабетес во поликлиниките „Букурешт“ и „Јане Сандански“, при Здравствен дом Скопје. Со оглед на големиот број реализирани прегледи, Здравствен дом Скопје ја прошири оваа дејност со отворање нов Центар за дијабетес во поликлиниката Бит Пазар.

За потребите на Центарот, соопшти Здравствен дом Скопје, во поликлиниката Бит Пазар е адаптиран и уреден соодветен простор, а со цел доусовршување на кадарот, спроведена е доедукација на доктор-специјалист по интерна медицина во Ново Место, Република Словенија и на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот. 

На овој начин, како што се наведува, се овозможи растоварување на постојните два центри, имајќи предвид дека кон новиот Центар за дијабетес гравитираат пациенти од општините Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари.

Воедно, покрај инсулинската терапија која досега пациентите можеа да ја подигнат во инсулинската аптека во оваа поликлиника, во Центарот за дијабетес пациентите добиваат комплетна здравствена услуга.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...