Извршителите - инструмент за спроведување на правдата

Скопје, 30 март 2015 (МИА) - Во Македонија се уште не е сменета перцепцијата за извршителите. Иако како фела работат веќе осум години, за нив повеќето граѓани сметаат дека се „модерни рекетари заштитени со закон“. 

Како што беше речено на средбата со новинарите што ја организира Комората на извршители на Република Македонија (КИРМ), извршителите се само инструмент за спроведување на правдата - оној што должи, да му ги врати парите на доверителот. Приказните за високите трошоци, кои наводно ги плаќа должникот во постапката, не се точни, а доколку достигнат висока сума тоа во најголем дел е одговорност на должникот зашто тој навреме не го подмирил долгот, ниту навреме одговорил на поканата од извршителот. Секое одолговлекување на постапката повлекува нови трошоци, тие може да се удвојат, а не ретко и повеќекратно да се зголемат.

- Во најголем број случаи, 99 отсто, енормните трошоци се резултат на несоодветно однесување на должникот. Некојпат тоа има „оправдување“ ако човекот е невработен и разбирливо е, но тоа не е вина на извршителот. Тоа го доведува извршителот да презема извршни дејствија за да се наплати побарувањето, бидејќи и доверителот има право на тоа, рече Гордан Станковиќ, член на Управниот одбор на КИРМ.

Ако должникот се јави на барањето од извршителот за подмирување на долгот во рок од предвидените осум дена, трошоците би биле 1.400 денари.

- Доколку сметка од 2.000 денари не била платена неколку години и влегла во постапка, каматата пораснала на 700-800 денари, во постапката пред суд или нотар трошоците се околу 1.000 денари, доколку бил ангажиран и адвокат трошоците повторно се зголемуваат. Кога предметот ќе дојде до извршител трошоците и за сметка од 2.000 денари и до 15.000 денари за извршителот се 2.000 денари. Трошоците се зголемуваат со пролонгирање на рокот за извршување и начинот на кој се водела постапката, појасни претседателот на Комората на извршители на РМ, Зоран Петрески.

Врз нивната висина влијае често и ненавременото доставување на потребните податоци од институциите, приватни или државни, што исто така ја одолговлекува постапката, а дополнително се плаќаат и нивните услуги. 

- За жал, во јавноста многу неправилно се толкува извршната постапка. Се зборува за енормно високи суми што ги зема извршителот, а во суштина од вкупните трошоци извршителските се третина, четвртина, петина...Често пати две-третини од трошоците не одат во канцелариите на извршителите. Составен дел од вкупните трошоци во извршната постапка се камати, адвокатски и нотарски услуги, услуги од институциите, од банките, материјални трошоци надвор канцеларијата на извршителот, рече Станковиќ.

Според Годишниот извештај за работата на КИРМ, во 2014 година е зголемен бројот на предмети во однос на 2013, примени се вкупно 159.575, но реализацијата е намалена за три отсто. Споредбено со 2013 година, кога беа наплатени околу 127 милиони евра, вкупниот износ на наплатени средства е 2014 година изнесува 6.6 милијарди денари (107.876.768 евра).

Претседателот на КИРМ појаснува дека има зголемување на барањата за извршување што се однесуваат на мали побарувања, додека барањата за извршувања што се однесуваат на поголемите суми се во голема мерка намалени.

Според статистиката најголемиот број должници и понатаму се граѓани, од кои се наплатени околу 28 милиони евра. На второ место се фирмите од кои се наплатило најмногу, приближно 66 милиони евра. Од органите на државата, пак, врз основа на долг извршителите наплатиле 13 милиони евра.

Степенот на извршување е најголем на подрачјето на Скопје, а најмал во источниот дел на Македонија ( Кочани, Берово, Виница и Делчево). 

- Според типот на непаричното побарување во 2014 година само 66 извршни исправи биле поднесени за испразнување и предавање во владеење на недвижности, рече Петрески.

На средбата со новинарите присуствуваше и судијата Софија Миленкова од Основниот суд Скопје 2 Скопје, која изнесе повеќе случаи од пракса и ги образложи правните последици од давањето под залог и купувањето на лизинг. 

Новинарите во оваа прилика имаа можност да слушнат и низа бизарни искуства со кои се соочуваат извршители и судии во повеќе земји од Европа, како што бил случајот кога доверител од Холандија за да нервира должник му нарачал оркестар за погребна музика. Оркестарот секое утро одел по должникот и свирел. Не помалку слични искуства извршителите имаат и во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...